„Имам 37 години, со партнерот сум 9 години, но уште не сака да ме земе за жена - што да правам?“
„Кога бев во 20-тите години мислев дека до мојата сегашна возраст (37 години) ќе имав сопруг и деца. Наместо, тоа јас сум 37-годишна жена на која часовникот ѝ отчукува и имам партнер веќе 9 години, кој не сака да се ожени со мене... Имаме одличен секс и отстрана изгледаме како совршен пар.“
Во британскиот магазин „Metro“ има рубрика во која експерт за врски одговара на прашања од читатели.
Сега, една жена се жали дека нејзината врска не води никаде и не знае што да прави.
Нејзината исповед:
„Кога бев во 20-тите години мислев дека до мојата сегашна возраст (37 години) ќе имав сопруг и деца. Наместо, тоа јас сум 37-годишна жена на која часовникот ѝ отчукува и имам партнер веќе 9 години, кој не сака да се ожени со мене.
И уште полошо е што живееме заедно, односно најчесто или тој пресипива кај мене или јас кај него, но јас се чувствувам како да сум сингл, иако сме постојано заедно.
Имаме одличен секс и отстрана изгледаме како совршен пар.
Но, понекогаш кога ќе се случи да му споменам за брак, тој ја менува темата.
Пријателите ми велат да се откажам, но немам храброст да го оставам на оваа возраст и да почнувам нешто ново.
Што да правам?“
Советот од експертот за врски на „Metro“ гласи:
„Реалноста е дека светот, и тоа како сакаме да ни изгледа животот, секој од нас го гледа на поинаков начин, па можеби нему бракот не му изгледа како важна работа.
Стравот од обврски кај мажите како да е поизразен отколку кај жените. Но, разбирлива е и твојата потреба да се смириш и да основаш семејство.
Мора отворено да му нагласиш колку ти е значајно тоа.
Исто така не го спомена неговото гледиште за деца... Дали некогаш говори за тоа, дали се надева дека ќе има деца во животот?
Како минуваат годините нема да станува полесно. Иако жените имаат деца сè почесто и во 40-тите години од животот, реалноста е дека времето минува и биолошкиот часовник отчукува.
Да се вљубиш и стапиш во брак е возможно во секоја фаза од животот, но со имањето деца времето е критично.
Ако ти сакаш бебе, а тој не, мора да ја донесеш тешката одлука да го оставиш.
Кажи ми дека не си подготвена да живееш вечно несигурна, но ако одлучиш да му дадеш ултиматум, мора да си сигурна во тоа и подготвена дека можеби ќе дојде крај на вашата врска.
Тој очигледно веќе долг период ги тера работите на свој начин, сега заземи се за себе и инсистирај да се реализира тоа што го сакаш.
Можеби ќе испадне дека те сака повеќе од што мислиш и ќе прифати комплетна посветеност, иако за себе вели дека не е „материјал за брак“.
Но, ако гледа како си заминуваш од него, тогаш тоа е знак дека вашата врска никогаш не била доволно силна за да потрае.
Инвестираше 9 години во оваа врска, па за твое добро собери храброст и почни одново.“
С. С. | Црнобело