6 трикови за поинтензивен и незаборавен женски оргазам (18+)

Секое тело е различно, па така некои жени успеваат да доживеат поинтензивни оргазми, а некои не. Сепак, постојат неколку трикови што може да ви помогнат следното искуство во сексот да биде поинтензивно и партнерката да доживее оргазам што долго ќе го памети.

shest-trikovi-za-pointenziven-i-nezaboraven-zhenski-orgazam-18-01.jpg

Во подолгиот текст објавен на Popsugar, неколку секс експерти и девојки ги споделуваат нивните искуства за тоа што е она што ним им помогнало да стигнат до поинтензивен оргазам.

Овие 6 трикови можете да ги искористите или пак да ги приспособите на сопствените потреби:

1. Продолжете со односот и по првиот оргазам – иако жените по првиот оргазам се чувствителни, секој нареден оргазам може да биде поинтензивен од претходниот.

Телото веќе е доволно загреано и само продолжувате понатаму и е многу полесно да стигнете до поинтензивен оргазам отколку да почнувате од почеток.

shest-trikovi-za-pointenziven-i-nezaboraven-zhenski-orgazam-18-02.jpg

2. Редовна мастурбација – на жените им овозможува подобро да го запознаат сопственото тело и да знаат што е она што им се допаѓа па полесно ќе му објаснат на партнерот што треба да направи за да ги доведе до врвот.

shest-trikovi-za-pointenziven-i-nezaboraven-zhenski-orgazam-18-03.jpg

3. Затворете ги очите – на тој начин ќе се фокусирате само на сопственото тело и ќе ги исклучите надворешните влијанија. Тоа ќе направи сексуалниот чин да биде поинтензивен.

shest-trikovi-za-pointenziven-i-nezaboraven-zhenski-orgazam-18-04.jpg

4. Одложувајте ги оргазмите Во основа тоа значи да стигнете до оној момент кога сте на чекор до оргазам и да престанете. Некои жени забележале дека кога ги одложуваат оргазмите моментот кога ќе стигнат до врвот е поинтензивен и незаборавен.

shest-trikovi-za-pointenziven-i-nezaboraven-zhenski-orgazam-18-06.jpg

5. Дишете длабоко – Наместо да го задржувате здивот, обидете се да дишете длабоко исто како што би го правеле тоа за време на час по јога или пилатес.

shest-trikovi-za-pointenziven-i-nezaboraven-zhenski-orgazam-18-05.jpg

6. Секс играчки – Некои девојки забележале дека употребата на вибратор или секс играчки им помага да успеат да стигнат до поинтензивен оргазам.

shest-trikovi-za-pointenziven-i-nezaboraven-zhenski-orgazam-18-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
Исповед на жена: „30 години бев во брак со зависник од секс – животот ми беше пекол“ „Додека бевме млад пар, водени од љубовта и страста си мислев: ‘Боже, сигурно мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg