„Мислев дека си ти“: Луѓе ги споделуваат најглупавите и најсмешните изговори за неверство

„Бившиот партнер ме погледна во очи и ми рече: Знаев дека ќе те повредам, ама не мислев дека ќе те повредам толку многу“.

mislev-deka-si-ti-lugje-gi-spodeluvaat-najglupavite-i-najsmeshnite-izgovori-za-neverstvo-01.jpg

Неверството е нешто што малкумина би го простиле бидејќи со овој чин, партнерот целосно ја изневерува довербата на другиот партнер.

Откако ќе бидат фатени, некои неверни партнери навистина се каат и пробуваат да ја спасат врската, но постојат и оние кои ги измислуваат најглупавите изговори.

Неколку вакви смешни и глупави изговори споделени на Редит:

„Ми беше роденден и многу сакав“.

„Кога открив дека бившата девојка ме изневерува, ми рече: Сам си виновен, ми пребаруваше во телефонот“.

„Еден пријател буквално ја фати сопругата додека имаше секс со друг маж, и таа му рече дека мислела дека мажот е всушност нејзиниот сопруг. И, погодете што – уште се заедно!“

mislev-deka-si-ti-lugje-gi-spodeluvaat-najglupavite-i-najsmeshnite-izgovori-za-neverstvo-03.jpg

„Светлото беше исклучено. Не можев да гледам“.

„По 21 година брак и две деца, сопругата ми призна дека ме изневерила, а нејзиниот изговор беше: Му ја вратив душата и открив дека сме сродни души изминатите илјадници животи и идните илјадници животи“.

„Само што ставив крај на 8-месечна врска. Бившата призна дека спиела со поранешното момче додека бев на гости кај родителите во друга држава. Нејзиниот изговор беше: Сакав да видам дали ме сакаш доволно за да останеш со мене откако ќе те изневерам“.

mislev-deka-si-ti-lugje-gi-spodeluvaat-najglupavite-i-najsmeshnite-izgovori-za-neverstvo-06.jpg

„Бившиот партнер само ми рече: Ми беше смешно што не знаеше“.

„Бившиот партнер ме погледна во очи и ми рече: Знаев дека ќе те повредам, ама не мислев дека ќе те повредам толку многу“.

„Изјавата на мојот бивш партнер: Мислев дека сте пријателки“.

mislev-deka-si-ti-lugje-gi-spodeluvaat-najglupavite-i-najsmeshnite-izgovori-za-neverstvo-02.jpg

„Беше премногу добар. Ти направив услуга“.

„Цело време мислев на тебе“.

„Алкохолот е виновен, не јас“.

mislev-deka-si-ti-lugje-gi-spodeluvaat-najglupavite-i-najsmeshnite-izgovori-za-neverstvo-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg