Зошто некои жени не (си) признаваат дека сопругот ги изневерува?

„Страв ми е дека ќе ме напушти...“ - Некои жени не се соочуваат со партнерот за неверството поради стравот да не бидат оставени за  друга жена. Не се чувствуваат сигурно и мислат дека по секоја цена треба да направат сè само да го задржат.

pogreshni-prichini-zoshto-nekoi-zheni-ne-si-priznavaat-deka-soprugot-gi-izneveruva-01.jpg

Замислете да дознаете дека партнерот ве изневерува... Првото нешто што ќе го направите е соочување со него, зарем не?

Но, некои жени не размислуваат така. Тие се преправаат дека неверството не постои. Кои се причините за ова погрешно однесување, кое само таложи стрес, непријатност и револт во нив?

Што си велат овие жени?

„Сè додека не знам, тоа не постои.“

Некои жени веруваат дека ако видат на дело дека партнерот ги изневерува, тие нема да можат да го избришат тоа од умот и дека најдобро им е да бидат во незнаење.

Си веруваат во некоја своја вистина и стојат на ставот дека не постои неверство, за да си олеснат.

„Не сакам да донесувам сериозна одлука.“

Тие знаат дека ако до нив дојде информацијата, потоа ќе мораат да донесат некаква одлука за иднината на нивниот однос.

Дефинитивно, ништо нема да биде како претходно и ќе мора отворено да се разговара за неверството.

Па ќе треба или да бидат лути и да врескаат или да плачат и да бидат навредени, па потоа да одат на брачна терапија или можеби да стават крај на бракот.

Eдноставно, сакаат да се спасат од носење сериозни одлуки затоа што немаат храброст за тоа.

pogreshni-prichini-zoshto-nekoi-zheni-ne-si-priznavaat-deka-soprugot-gi-izneveruva-02.jpg

„Немам како да променам нешто.“

Тие се сомневаат дека нешто не е во ред, но не се подготвени ниту емоционално, ниту физички да се разделат од партнерот.

Во моментот зависат од него и полека, полека се подготвуваат еден ден да заминат. Но, до тогаш се присилени да се прават наудрени.

„Не ми е грижа што се случува надвор од нашата спална соба, сè додека јас добивам сè.“

Друга причина е таа што веруваат дека ако добиваат доволно љубов, внимание, грижа, не им е важно што прави нивниот партнер на страна. 

Тие веруваат дека сè додека дома се задоволни, не им пречи што прави тој надвор.

„Страв ми е дека ќе ме напушти.“

Некои жени не се соочуваат со партнерот за неверството поради стравот да не бидат оставени поради друга жена. Не се чувствуваат сигурно и мислат дека по секоја цена треба да направат сè само да го задржат.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg