Зошто бакнежот со партнерот треба да ви трае најмалку 10 секунди?

Во моментот кога нашите усни ќе се сретнат, се ослободуваат хемикалии кои пренесуваат пораки за интимна врска, па дури и еуфорија. Но, што навистина го прави бакнежот посебен? Според еден експерт, потребно е минимално време да поминете бакнувајќи го партнерот за да ја зацврстите вашата врска.

zoshto-treba-da-se-baknuvate-so-partnerot-najmalku-10-sekundi-01.png

Има толку многу придобивки од бакнувањето, но според експертот за секс и врски, Челзи Рид, должината на бакнежот може да влијае на тоа колку се чувствувате поврзани со вашиот партнер.

Таа забележува дека претходните истражувања на институтот Готман покажале дека се потребни 6 секунди бакнување за да се доживеат хемиските реакции поврзани со приврзаноста и задоволството.

zoshto-treba-da-se-baknuvate-so-partnerot-najmalku-10-sekundi-02.png

Челзи споделува:

„Пожелно е партнерите во релативно долги врски повторно да го почувствуваат она чувство на блискост, за кое мислеа дека исчезнало по неколку години врска, а сега знаеме еден од начините да го постигнеме тоа.

Бакнежот од 6 секунди е одличен почеток, но продолжете го бакнежот уште неколку секунди за да трае најмалку 10 секунди. Тоа покажува дека навистина сте посветени на партнерот и сакате да направите сè за него/неа.“

Погледнете го партнерот и бакнувајте го барем 10 секунди. Додека се бакнувате, може да биде корисно и да размислувате убави работи за вашиот партнер. Помислете на нешто за кое му се восхитувате кај него/неа или само размислете колку се грижите за таа личност.“

zoshto-treba-da-se-baknuvate-so-partnerot-najmalku-10-sekundi-03.png

Зошто е важно бакнежот да трае 10 секунди?

Не само што продолжувањето на бакнежот на 10 секунди бара одреден степен на фокус и внимание, што се одлични работи за врската, туку Челзи забележува дека се работи и за правење активен избор да му се восхитувате на вашиот партнер, да ја изразите вашата љубов кон него/неа и желба да поминете интимни моменти со таа личност.

Бакнежот од 10 секунди е особено корисен кога се збогувате по разделбата, бидејќи ви помага емотивно да се усогласите.

„Тоа некако ја разбива тензијата и ве тера да заборавите на работата и другите обврски и да се фокусирате на своите и потребите на партнерот.“

M. Г. | Црнобело / фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg