Мажите и жените откриваат што ги возбудува најмногу во сексот (кај мажите на второ место е сексот со бившата)
Toa што за жените е на првото место на листата на работи кои најмногу ги возбудуваат во сексот, за мажите е дури на четвртото. За мажите на првото место е – секс за првпат со нова партнерка.
Во што уживаат најмногу при сексот мажите и жените? Што ги возбудува најмногу?
Ново истражување направено во Велика Британија со 2.000 испитаници открива дека на врвот на листата на работи кои им причинуваат задоволство на мажите и жените им е сосема различна работа.
Според истражувањето на сајтот за состанување IllicitEncounters број 1 задоволство за жените е да доживеат оргазам во ист миг со партнерот, а ова на врвот на листата го ставиле дури 66% од жените, односно две третини.
За разлика од жените, кај мажите ова е на четвртото место на листата и само 33% од мажите гласале за ова.
Најомилена и највозбудлива работа на мажите при сексот им е сексот со нова партнерка за првпат.
Повеќе од половина од мажите, односно 56% велат дека најмногу ги возбудува сексот со жена со која немаат спиено никогаш претходно.
На второто место кај мажите се најде навистина изненадувачка работа – секс со поранешна партнерка, која уште ги привлекува.
И жените го имаат на листата како возбудлив сексот со поранешен партнер, но дури на шестото место.
Дури 42% од жените како многу возбудлива работа го истакнуваат авантуристичкиот секс на одмор, па ова им е на второ место на листата, додека на третото е имањето повеќекратен оргазам за кој гласале 36% од жените.
Потоа кај жените следува оралниот секс, па сексот за време на викенд бегство со партнерот.
На листата жените имаат и секс на чисти чаршафи.
Кај мажите пак високо на листата котира снимањето на сексот со партнерката, а тука е и сексот на отворено.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com