„Мислам со мозокот, а не со срцето“ - Зошто паметните луѓе немаат среќа во љубовта?
Посветени се на науката и работата, на љубовта и емоциите им приоѓаат како да се научен предмет, а не сакаат изненадувања и непредвидливи работи. На паметните луѓе не им е лесно во ниту еден поглед, а особено кога треба да се справат со ирационалното чувство на љубов.
Она што не можат рационално да го објаснат им оди на нерви. За нив љубовта е измислица, а постои точно определена формула за успешна врска или брак.
Се чини дека на паметните и интелигентните луѓе потешко им оди запознавањето нови луѓе и започнувањето нови љубовни врски. Зошто е тоа така?
Кои се некои од најчестите причини заради кои паметните луѓе имаат проблеми во љубовта?
Премногу се независни
Честопати интелигентните луѓе истовремено се и мошне самоуверени личности што не сакаат да зависат од никого.
Ним не им треба потврда од другите луѓе и тешко ги прифаќаат туѓите (добронамерни) совети.
Честопати ваквите обиди за интервенции ги сфаќаат како да им ја нарушувате приватноста или им ја ограничувате слободата.
Премногу размислуваат
Не им е лесно на паметните луѓе. Честопати тоа се луѓе што не сакаат изненадувања, а сите одлуки според нив треба да бидат промислени и пресметани.
Уште потешко им паѓа, ако се вљубат во личност што е сосема спротивна од нив, која сака да ужива во моментот и постојано бара нови авантури.
Сепак, на некои интелигентни луѓе можеби им треба токму таква личност за да ги разбуди и за да сфатат дека понекогаш не треба премногу да мислат туку да го живеат животот.
Разумот пред срцето
„Мозокот служи за размислување, а срцето има друга функција.“ Оваа реченица честопати можете да ја слушнете од интелигентните луѓе.
Некогаш ви наликува дека на врските им пристапуваат како на научен предмет, за кој треба да ги предвидат сите можни несакани исходи, без едноставно да се потпрат на сопствениот инстинкт, заради што делуваат студено, дистанцирано и како воопшто да немаат смисла за хумор.
Имаат високи стандарди
Не се задоволуваат со личности што не ги исполнуваат нивните високи стандарди. Тие се надарени со висока интелигенција, а до себеси сакаат иста таква личност.
Според нив, нивниот партнер мора да поседува уште повеќе квалитети и од нив самите. На пример, треба да биде љубезен, да изгледа добро, да знае да готви, да знае да се грижи за домот итн.
Не признаваат, но сепак изгледот им е важен
Интелигентните луѓе најчесто ќе ви кажат дека им е најважен карактерот на личноста, а не нивниот изглед.
Ќе ви ги повторат фразите дека убавината доаѓа одвнатре, но немојте да очекувате дека воопшто нема да забележат како личноста се облекла, како изгледа, каков парфем носи (нападен, ненападен).
Со други зборови, изгледот сепак им е важен, иако не признаваат.
Чувствуваат дека никој не може да ги разбере
Понекогаш кога седите со мошне интелигентна личност имате чувство како да говорат на јазик што воопшто не го разбирате, а тие до себеси бараат партнер со кого покрај сѐ друго ќе може да водат и занимливи разговори.
Понекогаш можеби и ќе започнат врска со некој што не ги разбира, но ќе чувствуваат како да живеат на исто место со неа, но во сосема различни светови.
Б. С. Б. | Црнобело