„Јас изгледам просечно, а мојот свршеник е преубав и презгоден - сите мислат дека ме изневерува“

Зошто екстремно згоден маж да не може да биде со девојка со просечен изглед? Дали луѓето коментираат кога ситуацијата е обратно?

jas-izgledam-prosechno-a-mojot-svrshenik-e-preubav-site-mislat-deka-me-izneveruva-01.jpg

Хејзел (29), писателка од Шкотска, е горда на својот атрактивен свршеник Пол Барез (29), кој работи како обезбедување, а за кој вели дека е магнет за жени.

Хејзел за себе вели дека е девојка со просечна висина и просечен изглед, а нејзиниот свршеник е висок 188 сантиметри и уште кога првпат го видела во дискотека на Тенерифе срцето ѝ потскокнало по него.

„Тој е прекрасен. Толку добро изгледа, што константно е нечиј плен.

Се запознавме во јули 2016 година, кога имав 24 години и не очекував дека тој, најатрактивниот маж кој некогаш сум го видела, ќе покаже интерес за мене.

jas-izgledam-prosechno-a-mojot-svrshenik-e-preubav-site-mislat-deka-me-izneveruva-02.jpg

Беше фин, внимателен, дури и срамежлив, но поради изгледот сите ми велат дека нема шанси да не ме изневерува.

Но, и покрај тоа, јас сум самоуверена и тоа помага. Тој никогаш не ми дал причина да не му верувам. Исто така ми кажа дека мисли дека сум убава однатре и однадвор.

jas-izgledam-prosechno-a-mojot-svrshenik-e-preubav-site-mislat-deka-me-izneveruva-04.jpg

Пред две години донесов одлука да ја напуштам родната Шкотска и да живеам во Холандија со него и не се каам.

Ме запроси и едвај чекам да се венчаме, а луѓето нека продолжат со своите лоши коментари онлајн.

jas-izgledam-prosechno-a-mojot-svrshenik-e-preubav-site-mislat-deka-me-izneveruva-05.jpg

Жал ми е што не се среќни за нас. Пол станува од кревет и изгледот му е 10-ка, но и јас изгледам добро ако одлучам да се нашминкам, средам и облечам фустан.

jas-izgledam-prosechno-a-mojot-svrshenik-e-preubav-site-mislat-deka-me-izneveruva-03.jpg

Зошто екстремно згоден маж да не може да биде со девојка со просечен изглед? Дали луѓето коментираат кога ситуацијата е обратно?

Навистина нема потреба да се суди според изгледот.“

jas-izgledam-prosechno-a-mojot-svrshenik-e-preubav-site-mislat-deka-me-izneveruva-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
5 причини зошто некои луѓе остануваат во токсични врски Ниска самодоверба, но и страв од осаменост – кои се најчестите причини зошто луѓ...
Исповеди од жени за нивните скржави партнери: „Дечко ми ме нема ниту еднаш почестено“ „Мојот дечко е богат, но секогаш ја дели сметката на пола до денар и бара да му ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg