5 најголеми грешки кои жените ги прават во кревет - ќе се согласат речиси сите мажи (18+)
Жените некогаш несвесно прават работи кои мажите ги мразат во кревет. Кои женски навики во креветот мажите ги мразат најмногу?
Постојат работи кои речиси сите мажи ги мразат кога жените ги прават во кревет.
Никој не сака да има секс со жена која не покажува ентузијазам и говори за сметките за време на секс, логички, зарем не?
Најголеми грешки кои жените ги прават во кревет:
Глумат оргазам – не е пријатно кога мажот ќе познае дека глумите и ќе сфати дека неговата техника предизвикала само лажна реакција, подобро е да бидете искрени и да му кажете каде греши и како да ве одведе до врвот на задоволството.
Немаат енергија во кревет – по напорен ден на вашиот партнер сексуалниот чин му е омилениот дел, но ако постојано го одбивате или имате секс безенергично и само затоа што така е редот, тој навистина нема да се чувствува добро и привлечно.
Прифаќате секс само во спалната соба – ова е здодевно, обидете се со кујната, тоалетот за почеток, а потоа и некој посмел избор, веднаш ќе почувствувате нова енергија.
Зборувате премногу за време на секс – при сексуалниот чин нема потреба од дискусии, домашните проблеми оставете ги за подоцна.
Неприсутност во мигот – за добар секс, треба да забавите и да го почувствувате ритамот на партнерот, себично е да се водите само од своето темпо мислејќи на нешто друго, а не на самиот чин.
Прочитајте и 7 најлоши навики на паровите кои им ја „убиваат“ љубовта, откриваат терапевтите
С. С. | Црнобело