„Мојот бивши не сака да биде со мене, но не ми дозволува ниту да продолжам понатаму - што да правам?“
„Бевме во врска околу 2 години, се разделивме затоа што не функциониравме, но не ми дозволува да продолжам понатаму. Во врската кога работите беа добри, беа навистина добри, но кога беа лоши, беа едноставно ужасни. Ме изневеруваше, му простував и така одново...“
Девојка во 20-тите години од животот се обраќа до магазинот „TheSun“ со проблемот кој го има поради нејзиното поранешно момче и бара совет што да направи.
Веруваме дека многу девојки се соочуваат или се соочиле со ваква ситуација.
Нејзината исповед гласи:
„Бевме во врска околу 2 години, се разделивме затоа што не функциониравме, но не ми дозволува да продолжам понатаму.
Во врската кога работите беа добри, беа навистина добри, но кога беа лоши, беа едноставно ужасни. Ме изневеруваше, му простував и така одново.
Потоа имавме страстни смирувања и сексот беше неверојатен.
Но, последниот пат кога се разделивме, пред неколку месеци, одлучивме да биде засекогаш. Јас бев навистина повредена од неговата последно неверство, а тој ми кажа дека не може да остане верен во врска и призна дека заслужувам нешто подобро.
Но, едноставно не може да ме остави да живеам мирно. Постојано ми праќа пораки на социјалните мрежи и ми се јавува.
И секојпат кога ќе го слушнам неговиот глас имам пеперутки во стомакот. Свесна сум дека уште го сакам. Тоа ме боли.
Знам дека и тој има чувства за мене и постојано ме мачи мислата дали да му дадам уште еднаш шанса. Навистина ми е тешко...“
Советот од психологот во магазинот „TheSun“:
„Можеби намерно го прави тоа за да не ти дозволи да го преболиш и секогаш да те има како опција. Но, тој јасно ти кажа дека нема да се промени и ако повторно се смириш со него, повторно ќе те повреди.
Обиди се да продолжиш понатаму и да најдеш нов партнер.
Ако те вознемирува контактот со него, тогаш блокирај го од секаде.
Навистина нема потреба да го одржуваш овој токсичен контакт, кој не ти носи ништо добро во животот.“
С. С. | Црнобело