8 љубовни лекции од луѓе кои се премажиле и прежениле за своите поранешни партнери

Дали сте слушнале приказни за луѓе кои се развеле, а подоцна пак се споиле со истата личност озаконувајќи ја врската повторно? Можеби и вие сте еден од нив?

8-ljubovni-lekcii-od-lugje-koi-se-prezenile-za-poranesni-partneri-01.jpg

Понекогаш, и покрај сите подеми и падови, луѓето повторно се наоѓаат едни со други. Особено доколку љубовта е вистинска. Тогаш станува вечна и толку силна што не можете да си го замислите животот без таквата личност покрај себе.

Ова се 8 љубовни лекции од парови кои имале вакви искуства:

Тревата не е позелена од другата страна

„Мојата сопруга и јас бевме во брак 17 години, а околу 40-та година и двајцата почнавме да ја преиспитуваме нашата заедничка иднина. Поднесовме барање за развод.

Брзо поминаа 3 години и, откако немав никаков контакт со поранешната сопруга, добив повик од неа дека нашиот некогашен заеднички миленик умира. Отидов да ја видам и на крајот разговаравме. Сфативме дека тревата не е позелена од другата страна и дека бараме нешто што целото време било пред нас.

Го сфативме тоа многу смирено, повторно почнавме да се гледаме во следните неколку месеци. Сега сме посреќни од кога било“.

8-ljubovni-lekcii-od-lugje-koi-se-prezenile-za-poranesni-partneri (1).jpg

Работете на вашата емоционална зрелост

„Имавме неколку проблеми истовремено, од пари до физички заболувања. На крајот почнавме да се мразиме и спогодбено се разведовме. 3 години зборувавме само повремено на Божиќ или на родендени, но секогаш завршувавме со расправии. Конечно, престанавме да имаме контакт.

Неколку години подоцна, тој ми испрати порака и се договоривме да се видиме. Сè помина добро, се гледавме почесто и почнавме врска.

Разговаравме за нашите стари проблеми и двајцата сфативме дека сме се подобриле во областите со кои претходно се мачевме, плус дека сега сме емотивно многу позрели. Тајно стапивме во брак повторно“.

8-ljubovni-lekcii-od-lugje-koi-se-prezenile-za-poranesni-partneri (2).jpg

Нема потреба да бидете заедно 24 часа на ден

„Татко ми и маќеата се разведоа и имаше неколку години кога речиси и не зборуваа еден со друг. Кога брат ми отиде на факултет, татко ми почна да ги поправа работите во домот што маќеата не можеше да ги прави. Наскоро почнаа да одат на вечера заедно. Потоа почнаа да излегуваат заедно и понекогаш тато преспиваше на каучот.

Кога сестра ми отиде на факултет, тој почна почесто да преспива. Кога имаа расправија, тој одеше дома и ѝ даваше време за да се смири.

Откако беа разведени повеќе од 20 години, тие одлучија дека е глупаво да имаат две посебни куќи, па официјално купија нова куќа. Имаат посебни соби за да можат да се повлечат во нив додека работите не се смират“.

8-ljubovni-lekcii-od-lugje-koi-se-prezenile-za-poranesni-partneri (3).jpg

Трудот секогаш се исплатува

„Мојата сопруга се разведе од мене откако бевме заедно 4 години, тврдејќи дека немав грижа, разбирање за неа итн. Бев редовен студент по медицина со две работни места со скратено работно време. Таа излегуваше со некого нешто помалку од една година, а потоа ми рече дека сака да се врати дома.

Денес имам само една работа и сум на последната година од моето студирање. Научив да се трудам да поминувам повеќе време со неа. Научив да избегнувам да живеам само поради работата, почнав почесто да закажувам состаноци и да излегувам со неа. Се надевам дека тоа ќе продолжи и понатаму затоа што ја сакам таа жена повеќе од самиот живот“.

8-ljubovni-lekcii-od-lugje-koi-se-prezenile-za-poranesni-partneri (4).jpg

Уште 4 искуства на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg