Кога да и се јавите?

koga-da-i-se-javite-povekjeНа некоја журка, или забава, не е важно, успеавте да го добиете бројот од мобилниот телефон на девојка која ве интересира. Тогаш настапува дилемата...


...кога да и се јавите? Кога да и закажете прв состанок?

Секако дека ви се допаѓа, сакате да ја видите што е можно побргу, но не сакате таа да ве одбие затоа што навалувате или пак да помисли дека сте нетрпелив пубертетлија. Можеби да почекате два-три дена? Дали можеби треба порано да ја побарате?

Верувале или не, но „првиот контакт“ можете да го воспоставите веќе по пет минути откако сте ја напуштиле забавата.... Тоа е најдобро да се направи со симпатична СМС порака, со која ќе проверите дали добро сте го запишале бројот, а кога ќе ви потврди дека е во ред бројот, можете да и посакате добра ноќ и убави сништа.

Верувајте една од работите кои жените најмногу ги мразат е чекањето мажот да се јави и претпоставувањето дали ќе се јави или не. Што повеќе се одолговлекува повикот, сè почудни идеи и паѓаат на ум за да го оправда изостанокот на повикот.

Мала напомена: првиот контакт треба да го остварите во присебна состојба, за да девојката не ве прогласи за кретен и да ја одбие понатамошната комуникација со вас. Значи, СМС за пет минути и веќе следниот ден повик во кој ќе ја прашате како е и дали може да се договорите да се видите.

koga-da-i-se-javite

Имате желба да и се јавувате неколку пати во текот на денот, само да и го чуете гласот? Освен ако не ви стави до знаење дека тоа и пречи, или пак поради работата е несоодветно, тогаш само напред!

Нема да делувате како манијак, напротив ќе помисли баш е слатко што постојано мислите на неа и ќе блеска од среќа покрај останатите девојки од опкружувањето додека на дисплејот од мобилниот стои вашето име.

Тие повици можат да бидат, ако ви одговара, ултракратки – смислете нешто...имам пауза од триесет секунди и ти се јавувам само да ти го чујам гласот...

Само внимателно – доколку забележите дека зачестеноста на вашите повици почнала да и пречи, проретчете ги повиците за да не ја иритирате, но заменете ги со СМС пораки кои може да ги прочита кога ќе и одговара.

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg