„Тој што готвел, не мие садови“ и уште 7 правила за успешна врска од среќните парови
„Што ќе јадеме денес?“, „Пак јас да мијам садови?“ - Паровите што подолго време се во врска знаат дека може да се случи овие навидум едноставни прашања брзо да ескалираат во вистински конфликт.
На форумот Ask MetaFilter има повеќе коментари на темата „Кои се вашите паметни трикови за успешна врска“. Во продолжение проследете осум трикови за успешна врска од среќните парови, што би требало да ги применувате и вие:
„Што ќе јадеме денес или кој филм ќе го гледаме?“
Дали со партнерот честопати ви се случува да бидете неодлучни за тоа што ќе јадете или кој филм ќе го гледате? Една двојка дошла до соодветно решение така што го следат правилото „5-3-1“.
Едниот партнер дава предлози, другиот отфрла два избора, а тој што го дал предлогот отфрла уште два избора. Вака ќе ги избегнете прашањата и одговорите од типот: „Што ќе јадеме?“, „Не знам, тебе што ти се јаде...“
Мислите дека би успеале?
„Пак јас да мијам садови?“
Успешните двојки секогаш се придржуваат до едно правило: тој што готвел, не мие садови!
Секој пар што живее заедно треба да има одвоена соба со врата што се затвора и се заклучува
Во оваа соба еден од партнерите може слободно да одмори, да прочита некоја книга, да слуша музика, да има приватни телефонски разговори, или пак да „се проветри“ додека да му помине лутината.
Кажете „благодарам“
Не е потребно да се поклонувате до земја доколку партнерот одлучил да го фрли ѓубрето, но сепак важно е да искажете благодарност кога ќе забележите дека се труди околу заедничките работи.
Нема потреба да се докажувате за неважни работи
Ако вашиот партнер не знае кој е Стивен Спилберг, нема потреба да го исмевате ниту пак да го „едуцирате“. На крајот на краиштата не е неопходно да знае кој е тој за да имате успешна врска, нели!?
Нема потреба да нагласувате дека сте биле во право кога партнерот згрешил – особено ако е за неважни работи
Еден пар вели дека откако партнерот што згрешил ќе си ја признае грешката, тој треба да одигра некој смешен танц, за да ги избегнат долгите разговори од типот: „Ти реков дека така ќе биде“, „Зошто не ме слушаш“, „Гледаш дека бев во право“... Наместо во кавга, денот им поминува во забавни спомени.
Размислете пред кажете нешто
Кога треба да разговарате за некои важни работи, а не знаете од каде да почнете, замолете го партнерот да ви даде една минута да се „соберете“, а не да говорите напразно. Многу е полошо да кажете нешто што не го мислите, отколку да поминете неколку минути во размислување.
Обидете се да ги сфатите работите од негова перспектива
Секогаш кога сте скарани, обидете се да се ставите во улога, или сценарист и да направите приказна во која главниот протагонист е партнерот (што е виновен според вас).
На тој начин ќе мора да ги погледнете работите од перспектива на партнерот, за читателите и гледачите подобро да го разберат. Сега и вам ви станува појасно дека работите не се само црно-бели, нели!?
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com/ freepik.com