Како да се справите кога сите околу вас се мажат, женат или раѓаат деца, а вие сте сè уште сингл?

„Помина уште едно цело лето, а јас не се омажив“ ќе каже пријателка на шега, што е секако смешно и можеби малку тажно истовремено. Но, сепак, сечија перспектива на гледање на работите е различна.

Kako-da-se-spravite-koga-site-kolu-vas-se-mazat-zenat-ili-ragjaat-deca-01.jpg

Можеби сте во доцните 20-ти или раните 30-ти години и имате чувство дека сите околу вас се мажат, женат или добиваат деца. Се чини дека не може да помине ниту еден без десетици фотки со вакви новости, а со секоја нова објава имате чувство како животот се потсмева со вас.

Сепак, нема никаква потреба од сето тоа. Ниту сте помалку вредни од останатите, ниту пак сте за жалење. Реалистично согледајте ги ситуациите и направете го следното:

Одморете од Фејсбук, Инстаграм и Твитер

Кога станува збор за ваков тип на објави, социјалните мрежи „вријат“ од нив, особено во одредени периоди од годината. Можеби не е лошо да направите пауза и да не скролате 24/7 гледајќи ги овие објави.

Имајте реалистичен поглед кон работите

Луѓето кои се трудат да се прикажат дека се најсреќни се всушност најтажните луѓе. Не секоја фотка со црвени рози, балони и срца е предзнак за искрена и долговечна љубов. Впрочем, дали би сакале партнер како оној на вашата најдобра другарка? Веројатно не. Па нема никаква потреба од горчина и страв.

Преиспитајте си ги своите претходни врски

Каде работите тргнаа наопаку? Бидете искрени и признајте – чија беше вината, ваша или на партнерот? Само доколку сте искрени со себеси и си ги признаете грешките, може да научите многу од нив и секако – да не ги повторувате во иднина.

Честитајте им на луѓето – дури и доколку не ви се прави тоа

Да, бидете поголемиот човек. Можеби не ви е дојдено до честитки, но не бидете огорчени поради туѓата среќа. Пратете убава порака, посакајте убава желба вистински и од срце, бидејќи добрината ќе остане запаметена. Во свет во којшто може да бидете што било, бидете секогаш љубезни.

Потсетете се дека може да ги потрошите парите за нешто друго наместо на свадба

Да, и во ова има убавина. Ова едноставно не е вашиот момент за веридба или свадба. Што значи дека парите може да ги потрошите на што и да сакате – отплата на нов автомобил, патување, нова облека… списокот е долг.

Гледајте на свадбите како на нови можности…

…за убаво поминато време, за смеа, за радост и за запознавање на нови луѓе. Можеби вашата нова љубов ќе ја запознаете токму така. Никогаш не се знае, нели?

Не станувајте опсесивни

„Сите се омажија, кога ќе дојде мојот ред?“ „Зарем само јас ќе останам сама?!“ „Што ми фали, зошто не можам да си најдам никого?“ не дозволувајте да ве обзеде песимизам и негативни мисли. Тоа што е ваше, ќе си дојде. Дотогаш уживајте во сингл животот, бидејќи некогаш навистина ќе ви недостасува.

Поминувајте повеќе време со сингл пријателите

Секако дека ги имате. Секој ги има, а тие во моментот се најдоброто друштво за вас. Оддалечете се малку од среќно мажените, женетите и тазе родителите доколку сметате дека немате премногу заеднички теми во моментот. Одберете си го друштвото што најмногу ви одговара, секако не е злосторство.

Организирајте си забава во своја чест

Мора ли да чекате роденден? Организирајте си несвршеничка забава и поканете ги сите кои ви се мили и драги. Не се разочарувајте, уживајте во секој миг од животот бидејќи нема да се врати. Доколку некој решил да ја прослави својата веридба или брак, вие прославете си ја својата слобода. Бидејќи и таа има своја убавина.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg