Топ 10 секс играчки
Списанието Индепендент неодамна го направи својот избор за најдобри секс играчки. Во продолжение ви ги претставуваме истите...
Лисици - Ако не сакате да бидете врзани со класичните лисици може да употребите и некое друго средство за врзување како некоја интересна врвка.
Палка за казнување - Денес сè уште се мисли дека казнувањето во креветот е табу тема. Ако сте радознали какво е чувството со вакво помагало тогаш можете да пробате чисто колку да ја задоволите вашата љубопитност.
Еротски прстен - Жените најмногу ги возбудува прстен со бисери, прстен кој освен што изгледа убаво, нуди незаборавна можност за масажа на интимните делови од телото. Обично се носи на средниот прст од раката и дава неописливо задоволство.
Свеќи за интимна масажа - Овие свеќи кои се викаат Afterblow веднаш кога ќе ги запалите се претвараат во одлично ароматизирано масло за масажа кое ја навлажнува и омекнува кожата.
Керамички пенис - Овој тип на пенис претставува необичен облик на уметнички пенис. На едниот крај има отвор, во кој може да ставите топла или ладна вода во зависност од тоа како ви одговара.
Боење на телото - Ова е популарно задоволство преку кое може да одбирате разни бои и вкусови, од чоколадо до лимон, така да сигурно ќе најдете нешто што ви одговара. Бидете креативни и боите по телото на вашиот партнер, а потоа можете да ја излижете вашата уметност.
Еротска фотографија - Некои сакаат еротски фотографии. За таквите е познат фотографот од Белгија Марк Лгранг кој издал книга во која можете да најдете извонредни фотографии. Во секој случај овие слики можат многу лесно да ве доведат до оргазам.
Додаток за брадавици - Можете многу лесно да го возбудите својот партнер со овие естетски додатоци за брадавици. Оваа играчка е од кристали Сваровски. На вашата ноќница овој додаток сигурно ќе внесе малку возбуда. Пред да почнете со забавата внимавајте добро да ги наместите.
Чипкани бразилски гаќички - Овие гаќички со бисери биле омилено парче облека на Саманта од серијата Сексот и градот. Во овие гаќички вашиот задник ќе изгледа прекрасно и феноменално, а и машкиот пол ги обожава.
Софа за задоволство - Оваа софа е помагало за испробување на многу пози кој инаку се изведуваат потешко на било кое друго место. Со оваа софа сè е едноставно, а и задоволството трае подолго. Исто така не прави некоја голема врева и е лесна за чистење.
Коментар?