Зошто понекогаш раскинувањето ја разгорува страста во врската?

Народната мудрост вели дека помирувањето по раскинувањето на врската може да донесе уште поголеми маки и проблеми. Но, можно е едноставно да ни треба пауза за да размислиме што сакаме, каде одиме и како сакаме да изгледа нашата врска.

Eve kako raskinuvanjeto moze da ja zajakne i potpali vasata vrska 01

Раскинувањето не е нужно индикатор за нерешливи проблеми и идни неуспеси. Важно е и двајцата партнери да сакаат да работат на себе и на врската и да постои јасен план, а не само одлука, дека и двете страни ќе работат посериозно.

Сфаќаме што навистина имаме само кога ќе го изгубиме

Честопати сфаќаме што навистина имаме само кога ќе го изгубиме. Но можеби не е секогаш доцна да се вратиме и овој пат навистина да ја цениме нашата врска.

Никого не му е лесно по раскинувањето, но болката ќе исчезне со текот на времето. Но ако упорно жалиме за тоа и мислиме дека сме донеле погрешна одлука нема причина да не собереме храброст и да ѝ дадеме на врската втора шанса.

Сепак се работи за искрена љубов поради која сме подготвени да се промениме и да вложиме уште повеќе напори во врската.

Раскинувањето како пауза за работа на себе

По раскинувањето имаме можност да се оддалечиме од сè и да ја видиме нашата врска од различна перспектива. Ова може да ни помогне да разбереме што би правеле поинаку, какви грешки направивме и што требало нашите партнери да направат поинаку.

Разделбата може да ни овозможи да видиме зошто сето тоа е важно за нас. Дали сè уште го сакаме партнерот? Дали ни недостига? Дали нашите кавги сè уште ни изгледаат толку трагични или делуваат смешно?

Кога сме сами можеме да се посветиме на себеси и на нашите потреби целосно.

Eve kako raskinuvanjeto moze da ja zajakne i potpali vasata vrska 02

Промената мора да ја сакаат и двете страни

Постојат примери на врски што по раскинувањето и помирувањето станале уште посилни. Овие примери имаат нешто заедничко. И двајцата партнери во врската сакаа работите да се променат.

Важно е партнерите да зборуваат отворено и искрено за причините на нивните неуспеси. Како би сакале да изгледа оваа врска, со што треба да бидете задоволни, а со што не можете да се согласите?

Како прв чекор во обновата на односите можат да се воведат мали ритуали со кои партнерите ќе покажуваат меѓусебна љубов, нежност и почит.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg