Нe е сé изгубено: Важни лекции што можеме да ги научиме од неуспешните врски
Многумина веруваат дека поранешните врски се знак на неуспех или поминато време со погрешна личност. Да, неуспешните врски ни оставаат чувство на тага, несигурност и понекогаш вина, но има и многу мудрост во овие непријатни емоции.
Наместо да се прашувате зошто врската заврши, подобро е да се фокусирате на тоа што можете да научите од неа:
За да бидете среќни со некого, треба да бидете исполнети
Важно е да знаете на кого можете да верувате, но она што е уште поважно е да верувате во себе. Не можете да пронајдете нова личност пред да разберете што навистина сакате и требате.
Кога ќе го погледнете односот по долго време, ќе сфатите колку сте зајакнале и созреале.
Луѓето не ви припаѓаат
Кога сте во врска, честопати мислите дека партнерот ви припаѓа само на вас. Се разбира, што порано сфатите дека луѓето не се „средства“, толку подобро. Ова значи дека немате право да го менувате нечиј начин на живот, без разлика колку време сте заедно.
Вие не го контролирате нивното однесување, дури и кога истото не е идеално за вашата врска. Најдоброто што можете да направите е да комуницирате и да поставите некои граници.
Секој треба време за себе
Да се биде во врска не значи дека треба да поминувате секој момент со партнерот, да го поврзувате својот идентитет со неговиот и да заборавите на своите соништа.
Добра врска подразбира да поминувате поголем дел од времето заедно, но исто така, да го почитувате и времето што го поминувате одделно, правејќи ги работите што ги сакате.
Можете да се промените само себеси
Се разбира, можеме да ги мотивираме другите со пример, но принудување на ригорозна диета или промена на начинот на кој се справува со секојдневните работи, всушност, е непочитување кон таа личност.
Така е и во љубовна врска. Не можете да очекувате некој да се промени заради вас. Ова не треба да го брарате.
Периодот на страст не трае вечно
Разбирањето на разликата помеѓу страста и љубовта ви овозможува да бидете подготвени кога ќе дојде вистинската љубов.
Пеперутки во стомакот, облекување да го импресионирате, доцните телефонски повици и постојана кореспонденција - сите овие се знаци на страст, не и вистинска љубов.
Ашера | Црнобело