Можат ли истовремено да се сакаат повеќе личности?

Можно е да се сакаат повеќе личности истовремено, но луѓето сè уште се чувствуваат најдобро во моногамни врски. Страста обично ни го заматува видот, па ни се чини дека повеќе го сакаме лицето со кое имаме страсна врска.

mozat-li-istovremeno-da-se-sakaat-poveke-licnosti-01.jpg

Со текот на времето, особено во подолги врски, односот помеѓу партнерите се менува. Тие не престануваат да се сакаат, но го губат првичниот ентузијазам, желба за нежност и сл. Во овој период на промена честопати луѓето почнуваат да обрнуваат внимание на други партнери.

Во нивниот живот тогаш влегува некој нов, некој што успева да ги разбуди заборавените емоции. Се чувствува силна физичка привлечност, а другата личност може да делува попривлечно поради чувството на нешто забрането.

Новата љубов може да изгледа како вистинска, фатална, драматична, страсна љубов што ја чекаме цел живот. Кога малку ќе ги проанализираме своите емоции кон партнерот, веројатно нема да можеме да кажеме дали сè уште го сакаме.

Но, дали тогаш е можно да се сакаат двајца или повеќе партнери во исто време?

Можно е, но љубовта е различна, а често таквата ситуација е многу збунувачка за лицето кое ја доживува. Иако постојат многу работи што ги сака на својот партнер, новата мешавина ѝ нуди нешто ново.

Можно е да се сакаат повеќе луѓе во исто време, но луѓето сè уште се чувствуваат најдобро во моногамни врски. Нашата култура е моногамна, затоа веројатно постои морален императив дека треба да се биде само со еден партнер.

Може ли мајката во исто време да сака повеќе деца? Секој родител кој има повеќе деца ќе ви каже дека ова е можно. И во примерот на човечките заедници, каде постои полигамија, можеме да утврдиме дека е така и во партнерската љубов.

mozat-li-istovremeno-da-se-sakaat-poveke-licnosti-02.jpg

Како може да се знае која од двете личности е „онаа вистинска“?

Не постои вистинска личност, не во класична смисла на зборот, како што не постои идеален партнер. Помладите мажи имаат тенденција да имаат паралелни врски, но тоа не е класична љубов, тие едноставно не сакаат да бидат сами.

Дали е нормално да се сакаат две сосема различни личности кои немаат допирни точки?

Двајца различни партнери на некој начин се надополнуваат. Ова кажува дека личноста која влегува во такви врски не ја сака личноста, туку ги сака нејзините одредени атрибути, или она што го добива од неа, на пример, внимание, нежност, страст итн. Сепак, таквата ситуација не може да трае долго.

Платонските љубови се понекогаш најсилни и најдолготрајни, бидејќи се некој вид на опијат. Тие претставуваат сон за личност која се идеализира и која има посебно место во нашиот живот.

Понекогаш свесно не се влегува во тој однос, за да не се скрши илузијата. Ранливите личности често се потпираат на овој вид љубов, бидејќи на тој начин не можат да бидат повредени.

Појавата на „третата“ личност, во секој случај, може да биде и јасен знак дека постои одреден проблем во врската или бракот. Кога врската или бракот не функционираат правилно, често стремиме кон еротска возбуда.

Третата личност е генерално „клон“ на нашиот партнер со карактеристики кои му недостигаат. Затоа е можно да се сакаат двајца и повеќе луѓе, а постојат и луѓе кои не можат да сакаат само еден партнер цел живот.

Статистиката покажува дека сè повеќе и повеќе луѓе сакаат паралелни врски и дека ваквите ситуации повеќе не се табу тема.

Страста, велат експертите, трае една или две години, па паралелните врски, ако немаат подлабоки емоции, обично завршуваат кога ќе исчезне страста.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg