Според кој критериум мажите ја одбираат својата идна сопруга?
Сигурно сте се запрашале што е она што ги тера мажите да го постават најголемото прашање.
Изгледа дека експертите за врски го знаат одговорот:
Сè зависи од една особина
Експертите тврдат дека на мажите не им е најважно дали партнерката е натпросечно атрактивна, дали често сака секс и дали е добра во кревет.
Имено, причината зa одбирање на брачна партнерка се наоѓа надвор од спалната соба. Мажите сакаат брак со жени кои можат да ги направат подобри личности.
Кај мажите е развиена потребата да се грижат за своите партнерки. Сакаат да знаат каде се наоѓаaт, внимаваат да бидат безбедни и да имаат доволно гориво во автомобилот.
Сето ова се мали нешта за кои мажот претходно не размислувал и кои не му биле важни.
Самодовербата е многу важна
Експертите имаат совет за сите жени кои сакаат да ги побудат овие чувства и потреби кај мажот - немојте да го терате партнерот да се чувствува подготвен за венчавка, но покажете му дека ви е потребен.
Исто така, експертите се сигурни дека мажите ги фасцинираат жени кои се сакаат самите себеси. Па, здравата доза самодоверба е многу важна.
На жените им е потребна самодоверба за да можат да му дадат простор и време на партнер за тој да стане подобра личност, која еден ден ќе сака да стапи во брак.
Спирова С. | Црнобело