Што кажува изборот на вереничкиот прстен за вашиот партнер?

За повеќето жени вереничкиот прстен е навистина важен детаљ, па одлуката на мажот при одбирањето е навистина важна. 

shto-kazhuva-izborot-na-verenichkiot-prsten-za-vashiot-partner-01.jpg

Прстенот кој го одбележува почетокот на заедничкиот живот е прекрасен спомен и симбол на љубовта за кој сонува секоја девојка.

Нo дали знаевте дека обликот, бојата и моделот на вереничкиот прстен можат да ви откријат многу за вашиот партнер?

Прстен од жолто злато: Класичар

Вашиот партнер ги сака класичните и невпечатливи нешта, а таков е и вереничкиот прстен со којшто ве запросил.

Овие мажи имаат традиционален поглед кон машко-женските односи и во врската сакаат да бидат поуспешни, барем кога станува збор за финансиите.

Покрај тоа, овие мажи внимателно се однесуваат кон жените, стојат на својот збор и имаат одлични манири. Без сомнение, вашиот партнер ќе ве чува и ќе биде одличен татко.

shto-kazhuva-verenichkiot-prsten-za-vashiot-partner-02.jpg

Прстен со многу детали: Авантурист

Прстенот од бело злато и со многу детали најчесто е избор на мажите со авантуристички дух. Овие мажи се секогаш во движење, а излегувањето со нив речиси секогаш е активно.

Со оваа личност ве очекува интензивен и страсен брак, но не очекувајте постојано да ви угодува. Имено, авантуристите не се склони кон романтични гестови, но секогаш ќе ве забавуваат кога ви е здодевно.

shto-kazhuva-verenichkiot-prsten-za-vashiot-partner-03.jpg

Дијамантски прстен: Перфекционист

Штом партнерот ве запросил со дијамантски прстен, тоа значи дека е перфекционист и дека секогаш го одбира најдоброто. Тој никогаш не ѝ остава ништо на случајноста и сака сè да биде совршено.

Покрај тоа, сите знаеме дека ниту една жена не останува рамнодушна на дијаманти. Покрај тоа што внимава на секој детаљ, вашиот партнер е и успешен во сè што прави. Тој е роден лидер и ги инспирира луѓето околу него.

shto-kazhuva-verenichkiot-prsten-za-vashiot-partner-04.jpg

Прстен со голем камен: Шармер

Доколку партнерот ви подарил веренички прстен со голем камен, тогаш тој е вистински шармер. Вашиот партнер остава впечаток на навистина важна личност.

Секоја приказна ја надополнува со неговиот хумор, а со неговиот весел карактер може да шармира секого.

shto-kazhuva-verenichkiot-prsten-za-vashiot-partner-05.jpg

Едноставен прстен: Романтичар

Едноставните прстени се избор на мажите кои бараат емоции и романтика. Овие мажи се навистина внимателни, секогаш знаат што сака нивната партнерка и секогаш се обидуваат да ѝ го овозможат тоа.

Покрај тоа, нивната посветеност е неверојатна, па секогаш ќе се чувствувате сакано. Малите подароци, романтичните прошетки и вечерите со свеќа се само некои од начините на кои овие мажи ја покажуваат нивната романтична страна.

shto-kazhuva-verenichkiot-prsten-za-vashiot-partner-06.jpg

 Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg