5 работи на кои секој маж е љубоморен

Иако најчесто се поврзува со жените, љубомората е емоција што неретко ја чувствуваат и мажите.

5-neshta-na-koishto-e-ljubomoren-sekoj-mazh-01.jpg

Но, нештата на коишто мажите се љубоморни можат да ви изгледаат сосема нелогично.

Понекогаш и мажите се соочуваат со несигурност, а следниве 5 нешта ги прават најљубоморни:

Вашите пријателки

Додека некои мажи уште на почетокот покажуваат дека се љубоморни на времето што го минувате со пријателките, кај други оваа љубомора се појавува подоцна.

Се разбира, постојат и мажи на кои ова дружење воопшто не им пречи. Сепак, одредени истражувања покажале дека партнерите се љубоморни на луѓето со кои минувате многу време.

 5-neshta-na-koishto-e-ljubomoren-sekoj-mazh-02.jpg

Вашите колеги

Овој вид љубомора најчесто се појавува поради непознавањето на луѓето со кои работите. Најчесто, мажите ги доживуваат колегите на партнерката како невидлива закана.

Времето што го минувате во теретана

За вашиот партнер, теретаната е место полно со други мажи кои наместо да вежбаат, флертуваат со вас. Ако имате личен тренер, љубомората на партнерот може да биде уште поизразена.

5-neshta-na-koishto-e-ljubomoren-sekoj-mazh-03.jpg

Социјални мрежи

Мажите се љубоморни и на социјалните мрежи, особено ако минувате многу време на нив. Исто така, понекогаш љубоморат и на пораките и повиците доцна навечер, без разлика дали ви се јавува пријателката или некоја колешка.

 5-neshta-na-koishto-e-ljubomoren-sekoj-mazh-04.jpg

Вашето хоби

Доколку сте целосно посветени на вашето хоби и секој слободен момент го минувате со тоа, вашиот партнер може да покаже знаци на љубомора.

Најверојатно ќе чувствува дека вашата омилена активност го крадe вашето заедничко време.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg