10 знаци дека има силна хемија помеѓу две личности
Како да препознаете силна хемија со друга личност, но и како да воочите кога меѓу две лица ја има, а можеби тие не се свесни?
Има 10 основни знаци кои не може да ги игнорирате или негирате:
1. Говор на телото – често навалување еден кон друг, лижење и гризење на усните, поцрвенување во лицето, играње со косата, постојано прекрстување на нозете...
2. Постојано задевање, скокоткање, подбутнување, имитирање еден на друг...
3. Напнат контакт со очите, подигнати веѓи, фиксиран поглед.
4. Суптилно флертување, внимавање на околината да не забележи.
5. Постојано носење на широка, искрена насмевка, што дури и очите се смеат.
6. Забележување на ситници како нова фризура, ново парче облека, купување на омиленото чоколадо...
7. Фокусот е постојано еден кон друг, иако се наоѓаат во голема група на луѓе.
8. Губење на осет за време.
9. Се чувствува мала тензија и нервоза во комуникацијата.
10. Често спомнување и повторување на името.
М. Д. | Црнобело