Вљубете се во личност која сè уште работи на себе

Наместо да барате некој кој си го средил животот, некој кој е сигурен во себе и некој кој е завршен проект, би требало да барате личност која сè уште работи на себе.

 vljubete-se-vo-lichnost-koja-se-ushte-raboti-na-sebe-01.jpg

Овие луѓе не се слепи кон нивните недостатоци. Тие не се неучтиви. Тие не мислат дека се совршени. Овие луѓе се свесни за нивните недостатоци, знаат кои одлики се токсични и знаат што треба да променат кај себе. Истовремено, активно работат на тоа.

Овие луѓе не се помируваат со што било. Тие одбиваат да останат на истото место и не сакаат да останат во нивната удобна зона. Тие си имаат поставено цел да се подобрат, да станат најдобрата верзија од себе.

Луѓето кои сè уште работат на себе знаат што значи трудот. Всушност, тие се трудат секој ден. Понекогаш не ги достигнуваат нивните цели, но ова не ги спречува да се исправат и повторно да се обидат. Овие луѓе се отпорни. Тие се посветени, страсни и истрајни.

Овие луѓе се сметаат себеси за приоритет. Нема да дозволат нивното ментално здравје да биде запоставено. Нема да се притискаат до работ. Јасно им е дека не можат да се грижат за себе и за саканите ако самите се уништуваат. Тие си покажуваат љубов кон себе. Тие ја покажуваат нивната грижа кон саканите.

Луѓето кои работат на себе не судат. Тие нема да ве потценуваат поради вашиот емоционален товар, вашите несигурности, вашите стравови и слабости. Тие ќе се обидат да најдат разбирање за вашите грешки. Ќе ги прифатат сите ваши несовршености, сè додека се обидувате да работите на нив.

Овие луѓе се силни. Иако поминале низ многу, никогаш не ја изгубиле вербата во себе. Сè уште се движат напред. Сè уште го даваат најдоброто од себе. Не му дозволуваат на светот да ги спушти и остануваат оптимисти и покрај сè што виделе.

Луѓето кои работат на себе се ранливи. Тие не се кријат зад маска и не се преправаат дека се совршени. Отворено ги признаваат нивните грешки. Отворено зборуваат за нивните чувства. Овие луѓе се доволно храбри да ја покажат нивната чувствителност.

Овие луѓе секогаш гледаат напред и не се држат за грешките од минатото. Не минуваат премногу време грижејќи се за вчера. Повеќе се фокусираат на утрешниот ден. Повеќе се загрижени за она што ќе го постигнат во иднина, наместо за неуспехот од минатото.

Луѓето кои сè уште работат на себе не се откажуваат лесно. Доколу има проблем во вашата врска, ќе ви помогнат заедно да најдете решение. Нема да избегаат и нема да се откажат од вас. Ќе вложат исто труд во врската колку што вложуваат и во себе.

Вљубете се во личност која сè уште работи на себе бидејќи совршеноста е само мит. Наместо да се гледате со некој кој мисли дека се совршен онаков каков што е, бидете со личност која сака да расте, да учи, да цути. Бидете со личност која се обидува да стане подобра верзија од себе.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg