Дознајте пред да се венчате 1
Кога двајца се заљубени , лесно е да се помисли дека тоа што се сакаат е сосема доволно и дека не им требаат други информации за саканата личност. Но, сепак...
...постојат работи кои би требало да ги знаете еден за друг за подоцна да не дојде до непријатни изненадувања.
Претходни врски. Нема потреба да се каже за врска која траела две недели или една вечер или за нешто што се случило во основно училиште.
Сепак треба да знаете за сите сериозни врски на партнерот. Не детално, само најосновните работи: кога се случиле, колку траеле, зошто дошло до прекин на врската.
Исто така треба да сте запознени и со претходните разводи, дали во тој брак имало деца, дали тој на сопругата и плаќа алиментација.... Таквите работи не се дел од минатото, тие ќе бидат дел и од вашиот заедички живот.
Дали двајцата сакате деца. Доколку вие и вашата сакана личност имате силни желби околу ова прашање, потребно е да сте запознаени со желбата на другиот со цел прифаќање или одбивање на таквата желба.
Не е мал бројот на бракови кои прпаѓаат поради тоа што партнерите воопшто не дискутирале за ова прашање, бидејќи едниот партнер не сакал деца, а другиот не можел да живее без нив.
Постоење или можност за постоење на деца од претходни врски. Доколку еден од вас има деца од претходниот брак, тоа најверојатно не е тајна.
Но ако некој ги прекинал сите врски со жените со кои имал секс без соодветна заштита потребно е да знаете за тоа бидејќи постои можност таа жена да родила.