Три главни причини зошто остануваме во лоши врски

Постојат многу нездрави причини зошто луѓето остануваат заедно, иако повеќе не се сакаат. Раскинување е секогаш болно и не е лесно да се остави некој со кого сте поминале многу добри и лоши искуства. 

Tri glavni pricini zosto ostanuvame vo losi vrski 01

Но раскинувањето е понекогаш единствениот излез. Ако сметате дека повеќе не постои љубов во вашата врска, тогаш можеби никогаш не ни постоела.

Ова се трите најчести причини зошто луѓето остануваат во лоши врски:

1. Немаме доволно самодоверба

Првата причина е најочигледната причина. Нашите очекувања за квалитетот на љубовниот однос се поврзани со начинот на кој се доживуваме себеси.

Луѓето со ниска самодоверба, кои веруваат дека вредат помалку од своите партнери, имаат помали очекувања и пониски стандарди за љубовта. Поради овие причини се задоволни со врската која воопшто не е задоволителна.

2. Се плашиме од самотија, но и од нови врски

Колку сме подолго во врската, толку ќе ни биде потешко да ја раскинеме истата. Експертите велат дека страв од осаменост е уште една од најчестите причини за одбивање да се прекине односот што нè прави несреќни.

Навикнати сме на присуство на друга личност во нашиот живот, а оваа навика не спречува да ја раскинеме врската.

Луѓето се исплашени од идејата за почнување на нова врска, бидејќи знаат дека е потребно време да се стекне доверба во потенцијалниот нов партнер, а претходното лошо искуство може да биде голем проблем.

Tri glavni pricini zosto ostanuvame vo losi vrski 02

3.Не разбираме дека некој емоционално манипулира со нас

Кога ќе сфатите дека сакате да излезете од врската, токсичните луѓе ќе користат манипулација за да ве присилат да останете во врската.

Најчестите методи на манипулација се вградување на чувство на помала вредност и понижување. Во еден момент веруваме во овие манипулации, мислиме дека не заслужуваме подобро и дека мораме да бидеме среќни што нашиот сегашен партнер нè сака воопшто.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg