Зошто раскинувањето е невозможна мисија во дигитална ера?

Без оглед на причината, раскинувањето на една врска е секогаш комплексно. Покрај тоа што треба да се справите со неизбежните измешани емоции, мора и да проживеете неколку неудобни моменти како разменување „мое - твое“, обидите на пријателите да не завземат страна или случајни средби со родителите на сега веќе поранешниот партнер.

Zosto raskinuvanjeto e nevozmozna misija vo digtalna era 01

Фактот што живееме во дигитална ера уште повеќе ја комплицира ситуацијата.

Има многу прашања: Дали да го/ја избришам од Фејсбук/ Инстаграм? Дали да го избришам бројот? Кога е вистинско време да објавам фотка со нова девојка/дечко ако ја/го задржам во пријатели?

Ова е многу „жешка“ тема откако постојат социјалните мрежи, и колку и да сте сигурни дека нема шанси да се сретнете со поранешниот партнер на улица, вашиот активен онлајн живот гарантира дека секој со кој сте раскинале е на само неколку кликови од вас. Тоа значи дека може бесконечно да се убедувате дека нема скришно да го следите, но осаменоста може да ве натера на спротивното, а тоа нема баш да ви помогне да го преболите.

Психотерапевтите велат дека социјалните мрежи несомнено го отежнуваат раскинувањето, во смисла на тоа дека леснотијата со која може да пронајдете некој, намерно или случајно, е голема пречка при надминување на болката предизвикана од прекината врска.

Имено, тие тврдат дека пристапот до внимателно одбраните моменти од животот што ги објавува вашиот поранешен партнер ќе ве натера да посакате да ја обновите врската, дури и тогаш кога сте сигурни дека раскинувањето е правилниот избор.

Неизбежно е и да се запрашате зошто тој/таа се забавува повеќе без мене? Дали навистина толку брзо ме преболи? Зошто се чувствувам тажно кога гледам дека убаво си поминува?

Zosto raskinuvanjeto e nevozmozna misija vo digtalna era 02

Секој од нас ја прикажува само розoвата страна на животот на социјалните медиуми, па затоа не е чудо да посакате да бидете дел од убавите случувања.

Разделбата од личност која ја сакате доведува до намалување на среќните хормони допамин и окситоцин, а доколку налетате на таа личност на социјална мрежа експресно ќе се зголеми допаминот кој ви е толку потребен. Ова е хемиска реакција што во голема мера го отежнува целиот процес.

Од невробиолошка перспектива, пак, преболувањето на оваа личност е исто што и откажување од дрога, цигари или алкохол. Токму затоа, единствен здрав начин да продолжите понатаму е да ги прекинете сите контакти на социјалните мрежи.

Справувањето со разделбите е голем предизвик за секое човечко суштество и влијае на сите аспекти на нашиот живот. Социјалните мрежи не може да преземат одговорност за нашите желби и потреби, но секако се пречка за здрава разделба.

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg