Зошто и понатаму излегуваме со различни верзии на истата личност?
Колку и да се противиме на тоа, секој од нас си има тип на личност која му се допаѓа и со која сака да има поблизок однос.
Проблемите се појавуваат кога нашиот „тип“ евидентно не е добар за нас, но ние сепак продолжуваме со него или наоѓаме некој друг кој е само различно пакување.
Ова може да се однесува на физичките карактеристики, но и на самиот карактер и на начинот на кој другата личност се однесува со нас. Интересен пример за ова е Клои Кардашијан, на која за време на гостување кај Џими Кимел, тој ѝ поставил прашање: „Зарем не мислиш дека е време да престанеш да излегуваш со кошаркари?“
Најчесто нашиот „тип“ е рефлексија на нас самите, а преку тоа можеме да ги видиме своите недостатоци и токсичноста. Исто така, постојаното бирање на тој „тип“ не ни дозволува рационално да ги согледуваме нештата. Луѓето се доволно паметни за да знаат дека не е поентата во тоа да се биде со тој што е по дефиниција наш тип, но зошто упорно се ставаат во тешки ситуации?
Најпрво треба да сме искрени кон себе, бидејќи суштината не е во квалитетите на другиот, туку во она какви сме ние покрај тие личности. А, кој би избрал да биде во нездрава и насилна врска, дури и ако другата страна е 100% поклопување со идеалите кои ги имаме?
Така, сосема е логично што Клои сака кошаркари. Тие се високи и добро градени и самите се јавни личности, па можат да го поднесат притисокот на тоа да бидат во врска со друга јавна личност. Но, можеби и неверствата и скандалите се уште еден „куфер“ кој доаѓа заедно со НБА-ѕвездите?
Многумина од нас би помислиле: Да, тоа не профункционира, но можеби ја избрав погрешната НБА-ѕвезда?
Затоа и сме склони кон тоа да бараме тип на луѓе кој е сличен на оние со кои веќе сме биле, мислејќи дека овојпат ќе можеме да успееме да го спасиме односот. Според психологијата, се работи за компулсивност, односно за нашата желба да се усовршиме во дадено поле. Најчесто и сакаме да ја имаме истата љубовна приказна, а кога ќе дојде до мигот кога претходниот пат згустило, да успееме да го решиме проблемот на соодветен начин.
Проблемот со следење на својот „тип“ и не е толку голем, освен што, во меѓувреме, ги пропуштаме оние кои вредат да бидат запознаени и да им се даде шанса. Затоа, не бидете „залепени“ до својата НБА-ѕвезда. Обидете се и со рок-музичар. Можеби токму тој е оној кој ви треба.
Е. Д. | Црнобело