Kaква личност е партнерот - според тоа каде ја остава нечистата облека?

Зависно од местото на кое ги складираат валканите алишта, се издвојуваат пет карактеристични типови на мажи.

kakva-lichnost-e-partnerot-spored-toa-kade-ja-ostava-nechistata-obleka-1.png

Складирањето на облеката може доволно да го открие карактерот на особата што е присутна во вашиот живот. И тоа сосемо искрено и отворено.

Направено е забавно истражување меѓу припадничките на понежниот пол, во однос на навиките кои ги имаат нивните дечковци и сопрузи, при соблекувањето и ослободувањето од валканите алишта.

kakva-lichnost-e-partnerot-spored-toa-kade-ja-ostava-nechistata-obleka-2.jpg

Така се искристарилизирале петте типови на мажи, кои имаат заеднички особини што ги следат таквите навики. И резултатите се навистина занимливи.

Еве каква личност е партнерот – според тоа каде ја остава нечистата облека:

1. Валканите алишта ги расфрла насекаде по дома, а најчесто се паднати на подот...

Вообичано станува збор за претенциозни мачо фраери и заводници, кои сметаат дека ним сѐ им е дозволено, како и дека тие се единствените важни во секоја приказна. Нивната реченица секогаш започнува со „јас“.

Ретко ги признаваат сопствените грешки, а баш никогаш дека се инфериорни во нешто. Сметаат дека се алфа мажјаци, а најсреќни би биле ако партнерката ги поистовети со аполон.

kakva-lichnost-e-partnerot-spored-toa-kade-ja-ostava-nechistata-obleka-3.jpg

2. Ја сложува нечистата облека на посебна подлога и секогаш ја пере на истиот начин...

Нема да ви откриеме топла вода, доколку ви кажеме дека се работи за класична „бубалица“, односно маж кој секогаш следи идентична линија, па ретко се осудува да проба нешто ново.

Кај него сѐ е сведено на математичка формула и сѐ мора да биде под конец. Во спротивно, верува дека во светот ќе му се случи апокалипса.

kakva-lichnost-e-partnerot-spored-toa-kade-ja-ostava-nechistata-obleka-4.jpg

3. Носената гардеробата си ја реди на столче или фотелја, чекајќи да се насобере куп...

Во прашање е креативец што не прифаќа сместување во калапи. Овој маж смислува различни сценарија и во неговата глава постојано се мотаат по сто идеи, ама честопати знае во сиот хаос и да се изгуби.

Тој секогаш има по неколку решенија за проблемите, забавен е и духовит, но тешко е да го држите во еден правец. Затоа со ваквите типови е потребно да бидете мошне внимателни.

kakva-lichnost-e-partnerot-spored-toa-kade-ja-ostava-nechistata-obleka-5.jpg

4. Ја помирисува облеката, па ја враќа во гардероберот меѓу чистите алишта, ако не смрди премногу...

Па добро, зарем има и такви? Според истражувањето, постојат многумина. Овие мажи помеѓу чистата гардероба ги враќаат носените чорапи, кошули и маици. Потоа облекуваат нешто друго, а по неколку дена, одново ги земаат валканите алишта.

За перење се одлучуваат дури тогаш кога ќе осетат смрдеа. Ваквите типови или имаат змија во паричникот, па за нив секој трошок е непотребен, или, пак, ги избегнуваат домаќинските обврски по секоја цена.

Пријателите и девојките го имаат веќе почувствувано тоа на своја кожа. Некои можеби им приговориле, ама нивниот ментален склоп не го разбира ова. Баш ниедна особина не е за пофалба, нели?

kakva-lichnost-e-partnerot-spored-toa-kade-ja-ostava-nechistata-obleka-6.jpg

5. Валканите алишта ги остава во бањата и чека друг да му ги испере...

Погодувате? Ова е класичен примерок на мамин син, кој никогаш и ништо во животот не морал да работи по дома. А, и понатаму смета дека нема зошто да го прави тоа, дури и да живее сам, или, пак, со партнерка.

Не му е тешко да ја одвои гардеробата на правото место, но сѐ повеќе од ова за него е научна фантастика.

Сепак, можно е да се превоспита, иако станува збор за долготраен и напорен процес. Особено ако неговата мајка е некаде во близина. Алиштата нема сами да се исперат. Но, ајде убедете го некако!

kakva-lichnost-e-partnerot-spored-toa-kade-ja-ostava-nechistata-obleka-7.png

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
„Прирачник“ за мажи: 12 докази дека таа е жената што ви треба во животот Таа е интелектуално предизвикувачка, односно со неа може да се водат интелектуал...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg