15 нешта што можете да ги правите наместо опсесивно да се вљубувате
Кога една врска завршува, а вие сте навикнати да сакате и бидете сакани, лесно може да се вљубувате во секој што ќе се појави, мислејќи дека на тој начин ја надополнувате празнината.
Во тој процес ќе налетате и на многу погрешни личности, кои можат да ви нанесат дури и поголема штета од постоечката.
Сепак, за свое добро, наместо да се вљубувате веднаш, дајте си малку време за дишење и не си создавајте непотребни проблеми.
Ова се неколку нешта кои можете да ги правите, наместо опсесивно да се заљубувате во секој кој го запознавате:
1. Учете странски јазик. Можете да се запишете на курс или да симнете една од неколкуте достапни апликации за бесплатно учење.
2. Отидете надвор од државата на одреден период. Искористете го одморот за тоа, па дури и разгледајте ги опциите да го смените местото на студирање или на работа.
3. Посветете си се себе. Негувајте се, спортувајте, хранете се здраво, тестирајте ги своите физички граници и ако треба, надминете ги.
4. Посетете пријател кој живее подалеку и останете неколку денови таму.
5. Волонтирајте во некоја организација, за да сфатите дека има луѓе на кои сте им потребни и корисни и без сета онаа љубовна драма.
6. Подобрете ја финансиската независност. Најдете дополнителна работа и организирајте ги парите.
7. Пишувајте. Можеби од тоа ќе излезе добра книга или мемоари, или пак уште еден фајл кој ќе остане во компјутерот засекогаш. Битно е да го „истурите“ она што ве мачи.
8. Планирајте ја сопствената иднина без да мислите на тоа дали вашите желби се компатибилни со оние на некој друг.
9. Дозволете си да направите грешка. Излезете со некој за кој знаете дека е сосема погрешен. Потрошете пари на глупост. Застанете дури и на глава, но знајте дека секогаш имате време и простор да ги исправите своите погрешни однесувања.
10. Поминете повеќе време со семејството.
11. Излезете со пријателите и останете до разденување, па и потоа. Ќе ви се спие следниот ден, но тоа е еднаш во подолг период и ќе можете да издржите.
12. Изберете тема која ве интересира и отидете во библиотеката. Не морате сè да пребарувате на интернет.
13. Бидете интимни со своето тело. Самозадоволувањето исто така може да ви донесе оргазми.
14. Направете генералка дома, па дури и дозволете си да внесете и одредени промени во мебелот и декорациите.
15. Идентификувајте што сакате од идниот партнер и тие желби и навики практикувајте ги и кај себе, за да видите дали е возможно таква личност да постои.
Е. Д. | Црнобело