Благо морничави исповеди во кои ќе се препознаете ако сте биле затрескани во некого
Вљубувањето, а уште полошо затрескувањето до уши во некого може да биде и одлично искуство, но и да го извлече најлошото од нас.
Без разлика дали се работи за моментална вљубеност, занесеност или пак нешто што може да премине во сериозна врска, тоа го „вади“ од нас истражувачот, демначот и манијакот кои вообичаено добро ги контролираме.
На Редит неколку жени споделија кои се прифатливо морничавите нешта кои ги направиле поради заљубеност:
„Го потрошив целиот парфем прскајќи го врз чистите алишта на моето момче, за секогаш да мисли на мене.“
„Запознав едно момче преку апликација за состаноци, се видовме неколку пати и потоа престана да ми враќа на пораки. Затоа, направив лажен профил и флертував со него и го прашав дали запознал некого преку истата апликација, само за дочекам да ме спомне мене пред самата мене.“
„Ми се допаѓаше еден колега и еднаш токму тој ми понуди да ме превезе до некаде. Го снимав кришум разговорот што го водевме само за да му го слушам гласот дома. Се гледавме уште година-дена.“
„Најдов фотографија од непознат пар што се држи за раце и врз нивните глави ги монтирав нашите.“
„Ја имав на позадина на телефонот неговата слика од Линкдин цел месец пред да се запознаеме. Сега ми е сопруг, но сепак, мислам дека бев малку морничава.“
„Запознав прееезгоден маж и не можев да верувам дека е реален и е со мене. Еднаш му реков да сними видео додека јаде и тој го направи тоа.“
„Јас и бившиот живееме во ист комплекс згради. Со месеци откако раскинавме висев на прозорецот и го гледав како излегува и како се враќа.“
„Експерт левел Фејсбук - до толку го манијачев што успеав да најдам фотографии од неговата свадба.“
„Ми се допаѓаше еден професор до степен што ги запомнив неговите таблички и секој ден проверував дали е паркиран на паркингот пред факултетот.“
Е. Д. | Црнобело