Фрази кои жените често ги кажуваат - а може да им ја уништат врската со партнерот
Комуникацијата во секој однос, па така и љубовниот, претставува најважниот фактор за одржување на здрава и цврста врска. Понекогаш доволни се само неколку погрешни зборови или реченици, за да дечкото или сопругот комплетно го оддалечите од себе. Кои од нив редовно ги изговарате, а имаат погубна моќ?
Ова се фразите кои жените често ги кажуваат, а може да им ја уништат врската:
„Мојата ситуација е многу полоша.“
Ако партнерот одлучи да си го отвори срцето и ви каже што го мачи, омаловажувањето и намалувањето на тежината на неговиот проблем, нема позитивно да влијаат на вашиот однос. Напротив. Тој веројатно ќе се чувствува ужасно и ќе побара утеха во друга особа.
„Не е важно.“
Не бидете личност што константно ќе бара од партнерот да ѝ извлекува збор по збор од устата. Едноставно кажете му што ви пречи или тежи на душа, па заеднички ќе пронајдете решение.
„Презгоден ти е пријателот.“
Ова нема потреба ни да се објаснува. Некои коментари просто мора да ги задржите за себе. Пред воопшто да помислите да изговорите вакво нешто, поставете си прашање: „Како би се чувствувала јас во истата ситуација?“.
„Ако навистина ти значам би го направил тоа за мене.“
Уцената не е никогаш добра идеја. Доколку партнерот не сака да се согласи на нешто, очигледно има добра причина за тоа. Во случај вам конкретната работа да ви е од особена важност, попрво разговарајте со него, обидувајќи се да постигнете компромис.
„Не ти верувам.“
Освен ако не сте го фатиле во лага за која имате и докази, не изговарајте ги овие три зборови. Довербата е меѓу најважните состојки на љубовната врска. Кога таа е нарушена, нарушен е целокупниот однос на партнерите.
М. А. | Црнобело