Петте фази на љубов во врска и зошто паровите попуштаат по третата?

Секоја врска има пет основни фази: вљубување, станување пар, рушење на илузијата... и многумина не ни дознаваат кои се последните две.

pette-fazi-na-ljubov-vo-vrska-i-zoshto-parovite-popushtaat-po-tretata-01.jpg

Нема човек што не сака да му се случи вистинска и трајна љубов, но за да стигне до нејзе се впушта во незрели врски. Тоа не значи дека бирате погрешни партнери, туку дека напредокот низ петте фази не бил успешен.

Прочитајте кои се тие фази и зошто многу парови раскинуваат на половина од тој пат:

Вљубување

Ова е процесот во кој двете единки доживуваат хемиско-биолошки процес во себе и се избираат едни со други, благодарение на хормоните кои вријат во нив.

Во оваа фаза парот има заеднички надежи и соништа, а најмалку еден од нив е 100% сигурен дека оваа врска ќе успее и дека не е како претходните. Сето ова е уште потпомогнато од напливот на хормони во телото, како и заслепувачката страст која постои меѓу двајцата партнери.

Почеток на врска

Двете единки веќе се официјално пар. Во оваа фаза се сакаат најмногу, учат многу нешта еден за друг и се сигурни дека би можеле да живеат заедно и еден ден да имаат семејство. Уживаат во секој заеднички момент и наместо со „јас“, речениците ги почнуваат со „ние“.

Ова е можеби најубавата фаза, бидејќи сите емоции се насочени кон некого, среќни сте, постојано се гушкате, се чувствувате безбедно и ценето и сте сигурни дека конечно сте ја нашле љубовта на својот живот.

pette-fazi-na-ljubov-vo-vrska-i-zoshto-parovite-popushtaat-po-tretata-02.jpg

Бледнеење на илузијата

Кога врската веќе е воспоставена, па дури и во некоја понапредна фаза, партнерите почнуваат да стануваат свесни за недостатоците на другите. Се лутат поради ситници, им недостига љубов, почнуваат расправии, забелешки и недоверба.

Партнерите се прашуваат каде е љубовта која некогаш постоела? Може ли да се врати? Некои врски ја преживуваат оваа фаза бидејќи се случило очекувањата на партнерите да се поклопат со реалната ситуација. Но, со поголемиот дел не е таков случајот, бидејќи за првпат ја гледаат проекцијата на реалноста и каков е всушност „идеалниот“ партнер.

Креирање вистинска љубов

Среќните кои ќе ја надминат третата фаза веќе се зрели личности подготвени да вложуваат во врската. Заеднички ќе ги лечат раните и ќе сфатат дека вреди да останат заедно.

Доколку успеат во ова, парот ќе ужива неверојатна блискост, голема љубов и многу заеднички спомени кои само ја зацврстуваат врската.

Моќта која го менува светот

Во оваа фаза парот веќе е заедно, па може да почне и да гледа во светот околу себе. Тоа што тие се среќни, не значи дека истото важи и за остатокот од луѓето близу нив.

Во оваа петта фаза тие умеат да го пренесат знаењето што заеднички го стекнале, да помогнат на свои блиски да се изборат со некоја од првите три фази и да бидат сигурни дека тоа го направиле доволно добро и успешно.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg