Прељуба - за или против?

preljubaКако и секој облик на однесување и прељубата има свои златни правила. Тие постојат за да последиците од сторената...

...прељуба не бидат толку драстични и се водат од максимата “тоа што не се знае не може никого да повреди“. Но, доколку и се препуштите на прељубата, немојте никогаш да се заљубувате.

preljubaСекако тоа е полесно да се рече отколку да се оствари, но потрудете се да ги избегнете пријатните заеднички активности како излегување во ресторани, кино, на изложби или романтични викенди. Најдобро е средбите да бидат исклучиво од физичка природа.

Важно е да бидете искрени и кон љубовницата и кон себе. Немојте да и давате лажна надеж дека ќе ја напуштите сопругата доколку тоа искрено не мислите да го направите, а себе си искрено одговорете си на неколку прашања: По што всушност вие трагате? Дали сакате дополнителна возбуда или барате утеха? Можеби сакате да ја разбудите сопругата од “зимскиот сон“. Кога конечно себе си ке си ја признаете причината за авантура, можеби таа и нема да ви биде толку примамлива. Што и да правите обидете се секогаш да одговарате за своите постапки.

Да повториме, љубовницата не се појавува од ведро небо. Прељубата е ваш слободен избор. Затоа секогаш имајте на ум дека другата страна може се да открие и да одлучи да ве напушти. Пред да се впуштите во таа возбудлива авантура добро размислете дали сте спремни својот живот да го измените од корен.

Златните правила подразбираат и дискреција. Избришете ги сите докази за неверството и никој пат никому не му се доверувајте. Што помалку луѓе знаат, тоа е подобро за психичката рамнотежа на сите главни актери во драмата. Двојниот живот кој го водите секојпат треба да остане само ваша тајна. И на крај- никојпат немојте да признаете.

Поговорката “кој признава половина му се простува“ нема никакво значење кога е во прашање прељубата.

Би можело да ве интересира:

8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „...
Прашувам за пријател: „Сопругот дозна дека гледам порно и си замина од дома - како да го вратам?“ (1... „Се изненадив што тој се вознемири. Сега мисли дека не ме задоволува. Толку...
Како да познаете маж кој е чувствителен (и e одличен партнер)? Мажите кои се чувствителни можеби на прв поглед не изгледаат така, но тие секога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg