Работи кои ако ги споделите со партнерот, ќе ја зацврстат вашата врска

Врските не се секогаш низа од романтични и незаборавни моменти, бидејќи тоа го има само во бајките. Некогаш, мора да има и непријатни ситуации.

neudobni-neshta-koi-ako-gi-spodelite-so-partnerot-kje-ja-zacvrsnat-vashata-vrska-01.jpg

Со надминувањето на непријатностите и неудобностите, вие и вашиот партнер докажувате дека сте достојни за врската и дека сакате да да напредува. Сепак, тоа значи и дека треба одредени теми да ги разговарате однапред, за да не се доведете во ситуација еден ден да сфатите дека сте имале сосема спротивни ставови по конкретни прашања.

Овие теми ќе ви помогнат да ја зајакнете врската, колку и да ви се чинат како неважни:

Кажете како се чувствувате

Можеби мислите дека точно знаете како вашиот партнер се чувствува, или пак тој за вас. Но, во пракса, лесно може да се згреши и нешто погрешно да интерпретирате.

За да нема забуни и непријатности, бидете отворени и кажете како се чувствувате, за која и да е тема.

Поставете здрави граници

Немате намера да го ограничувате партнерот, но треба да знаете дека сепак, мора да постојат некои граници во однесувањето.

Многу повеќе ќе се почитувате еден со друг ако уште на почеток поставите јасни, фер и здрави граници на вашиот однос и се држите до договореното.

neudobni-neshta-koi-ako-gi-spodelite-so-partnerot-kje-ja-zacvrsnat-vashata-vrska-02.jpg

Пробајте нешто ново заедно

Излегување на ново место, пробување нова храна, експериментирање во спалната соба... Отстапете од досегашните навики и пробајте нешто ново.

Доколку не ви се допаѓа, вратете се на старото, а доколку ви се допаѓа, преминете на следните експерименти.

Зборувајте за минатото

Минатото може да биде чувствителна тема, но некогаш навистина објаснува некои ваши несфатливи ставови или стравови. Тоа е само ваше, но не треба да го криете целосно.

Ако вие споделите некој податок, веројатно ќе дознаете нешто повеќе и за саканиот партнер, а тоа никогаш не е лошо.

Споделете дел од семејната историја

Секое семејство има своја историја и тајни. Она што сметате дека е интересно, раскажете го на партнерот. Секогаш можете да премолчите одредени моменти, кои мислите дека треба да останат само во кругот на семејството.

И двајцата заслужувате да знаете повеќе еден за друг, а значаен дел од вашите животи е секако, семејството.

neudobni-neshta-koi-ako-gi-spodelite-so-partnerot-kje-ja-zacvrsnat-vashata-vrska-03.jpg

Посочете му ги грешките

Наместо да се налутите и да очекувате сам да ја реши загатката и да ја „ископа“ причината за вашата лутина, кажете му го тоа отворено.

Секој сака да биде начисто во односите со луѓето, а тоа особено важи и е значајно за љубовните врски.

Зборувајте малку и за иднината

Ова е тема која предизвикува анксиозност и непријатност во стомакот, но може да биде клучна за дефинирање на односот меѓу двете личности.

На овој начин ќе дознаете дали визиите ви се вклопуваат и дали можат да се компонираат една со друга или пак, сте дијаметрално различни и тоа ќе пречи во развојот на врската.

Дефинирајте го зборот „неверство“

Според едни неверство е и флертот или пораката на Фејсбук кон друга личност. Според други, неверство е кога ќе дојде до физички контакт, бакнеж и/или секс со друга личност.

Иако во идеални случаи не би требало да има неверство, речиси на секој му се случило да му се допадне друга личност, додека е во среќна врска. Затоа е потребно да се знае која е дефиницијата за неверство во вашата.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg