Најголемите причини зошто луѓето се плашат да се вљубат

Многумина од нас се плашат да се вљубат поради најразлични причини, а тој страв се манифестира на многу начини. Голем дел веруваме дека на тој начин се поштедуваме себе од повредување.

najgolemite-prichini-zoshto-lugjeto-se-plashat-da-se-vljubat-01.jpg

Нашиот систем на одбрана од емоции ни дава илузија на сигурност, но желбата некогаш во иднина да се споиме со некого останува и понатаму во нас.

Па тогаш, што е она што прави да се плашиме од љубовта? Што нè спречува да ја имаме љубовта што сакаме да ја имаме?

1. Вистинската љубов нè прави кршливи

Новата љубов е нова територија и затоа и ни создава природен страв од непознатото. Со тоа што си дозволуваме да се вљубиме, веќе ризикуваме. Вложуваме доверба во личност која не ја познаваме доволно.

Некогаш тоа оди како што треба, но често се случува и тие да ја изневерат нашата доверба. Поради тоа, мислиме дека колку повеќе се грижиме и даваме внимание, толку повеќе сме подложни на повреди.

najgolemite-prichini-zoshto-lugjeto-se-plashat-da-se-vljubat-02.jpg

2. Новата љубов е под влијание на минатитие

Кога почнуваме нова врска, често не сме ни свесни за влијанието што врз неа ќе го имаат претходните. Она што нè повредувало во минатото влијае како ги перцепираме новите нешта, во процесот на зближување со новиот партнер.

Поради тоа, луѓето тешко се отвораат кон новиот партнер, особено во емоционален аспект, бидејќи не сакаат да бидат повредени како што претходно биле.

3. Уживањето преминува во болка

Кога завршува врската, сите убави спомени наеднаш стануваат болни и можат да го уништат емоционалното битие на личноста. Поради тоа, некои личности одбираат да се оградат од љубовта и да се поштедат повторно од таквата болка.

najgolemite-prichini-zoshto-lugjeto-se-plashat-da-se-vljubat-03.jpg

4. Љубовта е нееднаква

Многу луѓе одбиле да се сретнат со некого што е многу заинтересиран за нив, а тие не се, само за да не го повредат на начин што и самите некогаш биле повредени. Љубовта вклучува многу нијанси на боите, не е идеално балансирана и едниот секогаш ќе дава барем една ронка повеќе од другиот.

Грижата околу ова прашање може да ве спречи во надминување на истото и давање шанса на личност која вреди да биде во вашиот живот.

5. Љубовта носи егзистенцијални грижи

За долгите врски се очекува да завршат со брак и создавање семејство. Но, партнерите не се секогаш спремни за тоа, ниту емотивно, ниту финансиски.

Секако, може да се најдат илјадници причини зошто некоја врска треба да прекине или воопшто да не започне, а во тие моменти ретко кој разионално размислува за реални и практични решенија. Врските се преполни со предизвици и притисоци, а стравовите се за да бидат споделени со другиот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg