10 знаци дека тој „носи“ емотивен товар од минатото и време е да се откажете од него
Врските на почетокот се речиси секогаш совршени, но како што се продлабочуваат, може да дознавате нови работи за партнерот кои не ви одговараат.
Како што дознавате нови работи, може да сфатите дека тој всушност носи емотивен товар од минатото, а тоа е една од причините која може да ја уништи вашата врска.
Ако тој нема расчистено со минатото и ја нема преболено минатата љубов или врска и сите случувања, верувајте дека немате светла иднина, колку и да ви го ветува тоа.
Сите ветувања и надежи паѓаат во вода, доколку забележите дека неговото однесување е резултат на товарот од минатото кој го носи со себе.
А, следниве знаци се аларм дека е време да расчистите со него:
1. Тој ги искажува неговите фрустрации и несигурностите врз вас, заради минато лошо искуство.
2. Има непостојано однесување и во одредени моменти е добар, а во други ладен кон вас без посебна причина.
3. Излудува кога ќе забележи сличности помеѓу вас и неговата бивша или пак постојано ве споредува.
4. Има параноични испади без причина и се плаши од секој нов чекор со вас, заради минатото искуство.
5. Се потресува за објавите, коментарите и целосното однесување на неговата бивша на социјалните мрежи.
6. Поставува контролирачки прашања уште на почетокот, бидејќи во минатото бил измамен, па сака контролата да биде во негови раце.
7. Ја споредува вашата врска со минатата, независно дали позитивно или негативно, ако постојано го прави тоа, залудно е што вашата е подобра, кога тој е заглавен на минатата.
8. Не може целосно да се обврзе и посвети на вас, бидејќи длабоко во него уште постојат надежи за старата врска.
9. Го спомнува нејзиното име во секакви ситуации, независно дали се сериозни или не и уште е лут и не може да преболи што му се случило со неа.
10. Уште е премногу близок со нејзиното семејство, одржува контакт и редовно се гледа или слуша со нив.
М. М. | Црнобело