6 причини зошто оженетите мажи изневеруваат, дури и кога ја сакаат својата сопруга
Разликата помеѓу мажите и жените е огромна. Ова е особено точно кога се работи за врските.
Кога мажот ќе ја изневери жената, таа нема идеја што се случило меѓу нив и што го навело да го направи тоа.
Прочитајте кои се најчестите причини кои го наведуваат мажот да ја изневери жената која до вчера ја обожавал:
Бара пријателство
Некои жени почнуваат константно да им приговараат на своите мажи после некое време поминато во брак. Мажите потоа почнуваат да бараат женско друштво во кое нема да бидат осудени и каде ќе наидат на разбирање. Тие сакаат жена која ги прифати онакви какви што се.
Мажите понекогаш знаат да бидат детинести и не сакаат секогаш да ја прифатат одговорноста којашто бракот ја носи. Можеби копнеат за времето кога не биле врзани и бараат жена која со нив повторно ќе се однесува спонтано.
Повеќето мажи сакаат жени кои умеат да грижат сами за себе. Не сакаат да бидат со некоја која ќе зависи од нив цело време.
Ако мажот почувствува дека вас ништо повеќе не ве прави среќни, тогаш тој можеби ќе побара жена која ќе умеат да ја усреќат. Мажите сакаат партнерка која е задоволна во врската.
Бара нешто што вие го немате
Иако е плитко, сепак е вистинито. Ако сте престанеле да водите грижа за себе откако сте се венчале, тој можно е да побара некоја поатрактивна жена.
Презира солзи
Повеќето мажи не знаат како да одговорат на солзите. Тие во тие ситуации не знаат што да направат или кажат и полесно им е да најдат некоја друга отколку да се соочат со проблемите во својот брак.
M. П. | Црнобело