Промени во однесувањето на партнерот кои можат да бидат знак за неверство

Неочекуваната желба за експериментирање во креветот, како и зголеменото трошење можат да бидат знак за неверство. Но, истовремено, не мора да значи дека партнерот дефинитивно ве изневерува ако ги забележите овие промени. 

promeni-vo-odnesuvanjeto-na-partnerot-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-neverstvo-01.jpg

Неверството создава емоционални рани како оние кога се соочуваме со тешка болест или губење на работното место. Животот на изневерените полека се распаѓа, а се разбива и дотогашната претстава за партнерот и врската која што ја имале.

Последиците се тешкотија, чувства на осаменост и напуштеност, несигурност и пад на самодовербата. Постои мешање на бесот и љубомората, силно чувство на немоќ и тука здравата комуникација станува невозможна.

Но, како да го приметите неверството?

Одеднаш партнерот има многу идеи за експериментирање во сексот

Сигнал дека вашиот партнер можно е да ве изневерува се неочекуваните барања во вашата спална соба да испробате нешто сосема ново. 

Но, и претераната љубезност може да биде ѕвоно за узбуна

Преку пронаоѓањето мани кај сопружникот, прељубниците неретко го оправдуваат своето неверство. Но, промените во однесувањето можат да бидат и спротивни.

Во почетокот на неверството, прељубникот неретко станува пољубезен и повнимателен од претходно, па му посветува сѐ повеќе внимание на партнерот.

promeni-vo-odnesuvanjeto-na-partnerot-koi-mozhat-da-bidat-znak-za-neverstvo-02.jpg

Парите одеднаш почнуваат сѐ повеќе да испаруваат

Партнерот сѐ почесто оди до банкоматот, троши многу повеќе од обично, но вие не гледате на што точно одат парите.

Неретко поголемото трошење е еден од првите знаци за неверство.

Промени во однесувањето

Ако партнерот сè помалку престојува со семејство и одеднаш посветува сѐ повеќе време на изгледот, го менува стилот на облекување, купува нова облека, посетува теретана или оди на фитнес, можно е во вашиот брак да влетала трета личност.

Најчест начин на откривање

Без разлика на гореспоменатите симптоми и сигнали, поголем дел од неверствата се откриени благодарение на мобилните телефони, односно повиците и СМС пораките.

Неретко неверствата се откриени и преку профилот на социјалните мрежи како Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

Важно е да се нагласи дека овие промени не треба да ги толкувате како сигурни знаци дека партнерот ве изневерува. Доколку се сомневате, разговарајте со него.

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
10 работи кои ќе ја направат вашата врска посилна (според терапевтите) Чистењето на домот не треба да е обврска само на едниот партнер, туку на двајцат...
Кои застарени однесувања на мажите ја убиваат желбата за секс кај партнерката? Мажот очекува жената да ги врши секојдневните обврски, да мие садови, да пере и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg