6 типови на луѓе со кои не треба никогаш да почнувате врска
Во животот треба да бидете многу внимателни со какви типови на луѓе влегувате во врска, колку и да ви изгледа тоа бесмислено на почетокот.
Иако можеби почетокот ви е забавен и без обврски, па не обрнувате внимание на сите квалитети и карактеристики на личноста, грешите, бидејќи не можете да контролирате кога и во кого ќе се заљубите.
А, откако ќе се заљубите, многу е потешко да се „откачите“ од личноста која подоцна ќе сфатите дека е токсична.
Токму затоа е важно да обрнувате внимание на однесувањето на личноста и да слушате мислења од други луѓе, без да ги игнорирате ниту најмалите ситници кои може да ви го загорчат животот.
Постојат неколку типови на луѓе со кои никогаш не треба да почнувате врска, дури и ако е без обврска:
Нарцисоидни луѓе
Тие никогаш нема да ве сакаат на начин каков што вие сакате, бидејќи секогаш ќе бидат опседнати прво со себе.
Параноични луѓе
Тие не знаат како да се релаксираат и вообичаено се љубоморни и желни за контрола. Секогаш ќе мислат дека некој кова заговор против нив, а тоа може да прерасне во голем проблем.
Љубоморни луѓе
Овие луѓе никогаш нема да ви веруваат и ќе ве прават виновни за секоја ситница, бидејќи сакаат да ја имаат контролата во свои раце постојано, а кога нешто не е како што замислиле го покажуваат вистинското лице.
Себични луѓе
Тие не гледаат ништо друго освен себе и гледаат како да се задоволат само себеси, немаат емоции ниту знаат како да сочувствуваат со другите, а истото ќе биде и во врската, па ситуацијата често може да ескалира.
Алкохоличари
Независно дали станува збор за „тешка категорија“ или личност која гледате дека веќе не знае да се контролира, овој тип е опасен за врска.
Тие не се способни да бидат искрени, кон себе, ниту кон било кој друг, а иднината е ништо повеќе од измачување.
Луѓе кои имаат токсичен однос со бившите или семејството
Независно дали се работи за бивши партнер кој ќе ја прогонува личноста и нема да ви остави раат, за приврзани членови од семејството со кои имаат чуден однос, или пак, сериозни конфликти кои ги надминуваат сите граници на нормалата, тргнете се од луѓето кои зрачат со токсичност.
М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com