Гледајте како партнерот ја третира својата мајка и ќе знаете како ќе ве третира вас
Ако вашиот партнер ја сака и почитува својата мајка, тогаш вие сте среќна девојка затоа што од него ќе добиете третман на кралица.
Каков е вашиот партнер со својата мајка? Дали ја почитува или постојано упатува навреди кон неа?
Најдобриот совет за секоја девојка што стапува во нова врска е да обрне внимание како нејзиниот партнер ја третира својата мајка, затоа што еден ден така ќе ја третира и неа.
Мајката е првата врска со жена која вашиот партнер ја имал во животот, па така токму од овој однос тој ќе научи колку е вредноста на жените и колку почит тие заслужуваат. Односот со неа ќе му биде основа за односот со сите жени во животот потоа.
Ако има добри манири како дете, тогаш така внимателно ќе ги третира жените и како возрасна личност.
Ако тој ја почитува својата мајка, но никогаш не изградил близок однос со неа, тоа може да му предизвика проблем во градењето на цврсти врски потоа. Можно е кога работите ќе станат многу сериозни со одредена девојка да биде исплашен и да избега, дури и намерно креирајќи проблеми.
Ако не ја почитува својата мајка од каква било причина, можеби затоа што не го третирала добро како дете или имал тешко детство и никогаш не формирал позитивна врска со неа, тогаш многу веројатно е дека ќе гледа на жените како на непријатели. Можно е да не ги почитува и да ги третира лошо, затоа што никогаш не ја научил вредноста на жената.
Ако ја почитува многу, дури и на моменти премногу според ваш вкус, тогаш вие сте среќна девојка. Не лутете му се што сè уште ѝ обрнува толку многу внимание. Од овој маж и вие ќе добиете третман на кралица, затоа што тој знае како да се однесува со жените. Со него ќе имате среќна и здрава врска полна со почит и разбирање.
С. С. | Црнобело