(Не)обични мотиви поради кои жените ги откачуваат мажите
Додека едни девојки имаат сосема разбирливи причини за никогаш повеќе да не го побараат дечкото, други и самите признаваат дека критериумите им се високи. Дали и кога се во право?
Прашањето беше една од скорешните теми во австралиската радио емисија „Kyle and Jackie O“, каде повеќе припаднички од понежниот пол во живо ги дадоа своите одговори.
Слични исповеди неодамна објави и порталот Еlite Daily. Низа девојки отворено прозбореа зошто ги оставиле момчињата недолго по излегувањето, или, пак, стапувањето во љубовна врска.
Ова се дел од (не)обичните мотиви поради кои жените ги откачуваат мажите:
„Сѐ за што зборуваше беа женските гради. Опседнат беше со нив. Која девојка и да поминеше, го коментираше нејзиното деколте.“
„Поминуваше повеќе време пред огледалото од мене.“
„Носеше апостолки на нашата прва среба. Не лажам. Неговите стапала беа најгрдите кои ги имам видено во животот. Како да гледав канџи од орел. Не можев да го поднесам тоа. Крај на приказната.“
„Не сакаше да излегува. Постојано форсираше да сме кај него или мене дома. Кога ќе го прашав зошто прави така, тој се правеше недоветен. Помислив дека нешто не е како треба, па си заминав.“
„Дечкото го оставив бидејќи очите му беа преблиску едно до друго. Дури и мајка ми праша дали сѐ е во ред со него.“
„Излеговме двапати и доволно беше. Имаше 43 години, живееше со родителите и го возеше нивниот автомобил. Тие му плаќаа сѐ – дури и гориво. Ужас. Му раскинав преку порака. Знам дека не е исправно, ама сакав да избегнам драма.“
„Цело време се облекуваше во тексас. Од глава до пети.“
„Бевме месец дена заедно. Се пресели кај мене под изговор дека нема каде моментално да живее. Везден ми повторуваше дека ме љуби. Но, полуде кога го прашав дали може да учествува околу трошоците. Го избркав и си помислив: „Што ми требаше ова?!“. Хаос ми направи дома.“
„Неговата сестра ме мразеше од дното на душата.“
„Дечко ми беше ужасно посесивен. Постојано ми се јавуваше на фиксен телефон, само за да провери дали навистина сум дома. Јас на него му раскинав, а тој си истетовира скршено срце.“
„Отидовме на базен во еден хотел. Одби да се избрише по капењето, па насекаде оставаше водени траги. Кога го прекорив дека не е коректно, само дрско ми одговори: „Прескапо го платив нашиот престој овде. Нека чистат.“
„Беше доста повозрасен од мене, а се однесуваше понезрело од моите врсници. Имав чувство дека сум со дете и старец во исто време.“
М. A. | Црнобело