На крајот секој маж се кае што ја изгубил жената која го чекала да сфати што сака од животот
Момци слушнете ме. Добра жена вреди инвестиција.
И не верувајте во холивудските приказни дека жената кој е вљубена ќе ви остане посветена и покрај сè. Таа ќе чека и чека да сфатите што сакате од животот, ќе чека да изградите кариера или да видите што друго ви се нуди, пред да одлучите да се смирите со неа и да живеете среќно до крајот на животот.
Звучи прекрасно, зарем не?
Па, ќе беше прекрасно да живеевме во романтична комедија. Но, реалноста е поинаква. Деновиве жената ќе ви даде шанса. Можеби и втора и трета, па дури и петта шанса.
Но, кога таа ќе одлучи дека е готово, тогаш да знаете дека е навистина готово. И не постои нешто што би можело да ја натера да го промени мислењето.
Знаете, жените ќе ви дадат многу шанси, многу повеќе од што заслужувате. Зошто? Затоа што жените често се вљубуваат во потенцијалот што го гледаат во некого. Жената верува во тебе, дури и тогаш кога ти не веруваш. Верува дека ќе ги искористиш своите способности и ќе се промениш и ќе станеш подобар маж за неа.
Тоа е главната причина зошто жените остануваат во ужасни врски во кои се искористувани.
Но, кога жената ќе сфати дека е доволно, нема враќање назад. Затоа што кога таа завршила – завршено е.
Кога еднаш жената ќе ја искуси убавината на животот без тебе во него, без да ѝ ја црпиш енергијата и да ѝ го трошиш времето – таа ќе го затвори прозорецот на можности за тебе. И без разлика колку се обидуваш да ја добиеш назад со тоа што ќе станеш подобар маж, нема да можеш да ја вратиш.
И ќе пробаш да се оправдаш себеси и да го нахраниш своето его со тоа што ќе кажеш дека таа никогаш не била вистинската за тебе, затоа што ако била тогаш немала да те напушти.
Но, вистината е дека ниту една личност со здрав разум нема да остане и да се справува со твојот хаос. Ниту една жена не заслужува да живее живот полн болка, стрес и драма. Ниту ти, ниту кој било друг немате право да заробите друго човечко суштество да ве чека за да сфатите што сакате од животот.
Тоа што си заминала од тебе значи дека конечно одлучила да се заштити себе. Но, запомни ти беше тој кој ја натера да ја донесе таа одлука.
Ќе се каеш што ја изгуби оваа жена затоа што таа беше со тебе кога ти беше на дното во животот. Таа те поддржуваше и веруваше во тебе, кога никој друг не го правеше тоа.
Ќе се каеш што ја изгуби кога ќе сретнеш друга жена која ќе те сака кога си во најдоброто, но кога еднаш ќе ги види твоите мани и ќе те види во најлошото ќе си замине низ вратата.
И во тие моменти конечно ќе сфатиш што имаше. Имаше квалитетна жена која стоеше покрај тебе постојано, која правеше сè за тебе, која те поддржуваше и те сакаше со целото свое срце.
И што направи ти? Ја пушти да си оди. Ја оттурна од себе затоа што не знаеше дали е вистинската за тебе. Не знаеше што имаш додека не ја изгуби.
Па, ти си го намести креветот, сега легни со во него.