Се прашуваш зошто те оставив за друг? Еве го одговорот!
Анонимна девојка му напиша сурово искрено писмо на поранешниот дечко, образложувајќи ги причините поради кои не се повеќе заедно.
Во нејзината емотивна исповед сигурно ќе се пронајдат повеќето припаднички на понежниот пол, кои имале покрај себе партнер што не ги сакал, или, пак, почитувал доволно.
Многу од нив и моментално минуваат низ опишаната ситуација, борејќи се од ден во ден со сопствените чувства. Авторката на писмото може да им биде поттик барем да размислат за промени.
Ова се зборовите до партнерот кому засекогаш му кажува „збогум“:
„Сакаш да знаеш зошто си отидов? Бидејќи тој ми дава нешто кое ти никогаш не би можел.
Tој ме допира нежно. Тој ништо не прави насила. Сака да се опуштам и да уживам.
Тој ми вели дека сум убава, дури и кога знам дека така не изгледам. Тој ме става на прво место во своето срце. Искуство кое ти ни еднаш не ми го приреди.
Тој никогаш не ми направил модринки на раката, туркајќи ме настрана. Тој ми ги сака облините на телото. Смета дека се убави, исто како и јас, затоа што се мои.
Тој не ми вели дека сум дебела и треба да ослабам. Со него никогаш не се чувствувам грозно, ниту во врска со изгледот, а ни заради карактерот.
Тој ме поддржува во она што сум и што имам желба да го правам. Тој никогаш не ме искритикувал за работата, туку ме поттикнува да одам напред. Да ги поместам своите граници и истражувам сопствените мисли.
Тој е добар кон мене. Тој е љубезен кон мене. Ти беше таков само кога тебе ти одговараше. Кога јас ќе побарав – премногу барав.
Тој ми поставува прашања и вистински покажува интерес за моите амбиции. Тој не ме буди во три часот наутро за сексуално да го задоволам. Ме посакува најсилно кога јас сакам да го почувствувам во себе.
Ти се плашеше дa ме држиш за рака и во празна продавница. Ми велеше дека те вовлекувам во врска. Но, јас никогаш не би сакала однос со некого што ќе треба да го намамам. А, ниту самата да бидам намамена.
Не знам зошто бев со тебе толкаво време. Можеби барав внимание. Можеби видов светлина во тебе и се надевав дека ќе блесне. Предолго чекав и тоа е моја грешка.
Погрешив што ти дозволив да мислиш дека твоето однесување кон мене е прифатливо. Погрешив што ти дозволив да ја искористиш мојата нежна природа.
Ова писмо е за тебе. Ти пишувам за да знаеш колку ја оплеска. И не сум дрска што ова ти го говорам. Сигурна сум и полна со самодоверба, сега кога конечно те напуштив. Немаш поим колку сум ти благодарна за тоа.
Верувај ми - не си ни свесен колку ќе ти недостaсувам. Ама, мене веќе не ми е воопшто важно.“
М. А. | Црнобело