Како љубовната врска „раскини - смири се“ ви штети на здравјето?
Има експлозивна енергија и одличен секс, но партнерите не се карактерно компатибилни, па постојано се разделуваат и смируваат - ова е деструктивна врска што мора да се прекине.
Во љубовните врски во денешно време како да стана модерна практиката „раскини - смири се“. Драматично избувнуваме и се водиме од правилото дека тоа што нема да ја убие врската, ќе ја направи посилна.
Едно ново истражување направено на Универзитетот во Мисури направено на 500 индивидуи кои се во љубовни врски покажа дека дури 60% од луѓето искусиле врска со разделби и смирувања.
Во споредба со стабилните врски, овој тип на врски се поврзуваат со повисок степен на злоупотреби, пониско ниво на посветеност и полоша комуникација. Откриено е дека ваквите врски имаат огромно негативно влијание врз менталното здравје и се поврзуваат со депресија и анксиозност.
Врските „раскини – смири се“ најчесто се случуваат кога едниот од партнерите е помалку посветен на врската од другиот, заклучуваат истражувачите. Попосветениот партнер поради големата љубов што ја чувствува го толерира лошото однесување на другиот поради страв да не го изгуби.
Ова води до несигурност и испитување на самите себе дали се доволно добри за да го задржат интересот на партнерот.
Истражувачите порачуваат дека во ваквите врски мора да се повлече линија затоа што навистина е штетно да останете со некој што ве прави несигурни и несреќни.
С. С. | Црнобело