Веднаш ви кажува дека ве сака, го проверува вашиот телефон - 13 работи кои ги прават само несигурните мажи
Ве демне на Фејсбук, Инстаграм и сите други социјални мрежи
Кој е овој што ти става толку срца на Инстаграм? Од каде го познаваш? А овој обожавателов од Фејсбук, си имала нешто со него?
Верувајте дека силните мажи не се заморуваат со тоа кој ве „лајкува“ на друштвените мрежи.
Го проверува вашиот телефон
А зошто да не го проверам твојот телефон? Криеш нешто од мене? Еве ти го мојот, слободно провери го (а што би имал човекот без ниту еден пријател во својот телефон?)
Ве задушува со внимание и подароци
Да, убаво е да се добие подарок без специјален повод и причина. Но, кога тие пристигнуваат секојдневно, на работното место, дома и секаде каде што ќе излезете, веќе станува напорно.
Воедно, човекот кој ве убедува дека не ви треба никој друг и дека сте си доволни само вие двајцата, дефинитивно си има проблем со себеси.
Мисли дека сте неверна
Тој е убеден дека вие го изневерувате. Постојано е во потрага по нови докази за да го оправда неговото сомневање.
Откако ќе го соочите со вистината дека се однесува параноично, тој станува „ранлив“ и ви открива дека се однесува така затоа што смета дека сте предобра за него и дека во секој момент може да го оставите за некој друг. Што е секако–вистина.
Не може да поднесе критика
Секако, станува збор за конструктивна, добронамерна критика, но тој не може да го сфати значењето и целта. Само несигурните луѓе не знаат да се сносат со коментари и критики, стануваат лути и раздразливи, глумат повредени и не зборуваат со денови.
Верувајте дека не ви е потребен таков човек во животот.
(О)Милена | Црнобело