Веднаш ви кажува дека ве сака, го проверува вашиот телефон - 13 работи кои ги прават само несигурните мажи

Вниманието кое го добиваме од мажите ни ласка, но сè што е претерано не чини. Сомнежот започнува да нè јаде во моментите кога сè се одвива премногу совршено, што нè тера да помислиме дали е вистинито.

13-raboti-koi-gi-pravat-samo-nesigurnite-mazi-01.jpg

Впрочем, интуицијата никогаш не лаже. Доколку мислите дека нешто не е во ред со вашата врска, затоа што однадвор сè изгледа беспрекорно и совршено, веројатно сте во право.

Мажите кои најдобро умеат да се преправаат се воедно и најнесигурните мажи.

Еве како ќе ги откриете:

Тој нема ниту еден пријател, ниту какво било хоби

Нема машко друштво, нема ниту еден најдобар пријател. Премногу пати бил „изгорен“ во животот, сите сакаат да го искористат за нешто.

Освен работата, тој нема никаков друг интерес. Нема хоби, не сака спорт, не сака да чита, не спортува… едноставно е – човекот кој нема ниту еден пријател, ниту издвоен интерес за некоја област не е за верување.

Мисли дека сè уште имате чувства за вашиот поранешен дечко

Постојано наоѓа изговор да го спомене. „Можеби Боби правел така, но јас сигурно нема“.

Длабоко во себе е убеден дека сè уште мислите на него, а доколку не му ги возвратите чувствата на начин каков што очекува, смета дека причината е тоа што сè уште сте вљубени во поранешното момче.

Веднаш ви кажа дека ве сака

Поминаа само 2 недели откако излеговте на првиот состанок, а веќе го слушнавте она што сите мислат дека секоја жена очајно копнее да го чуе – те сакам.

Тој веќе започна да ја проектира вашата иднина. Рестораните се прилично зафатени, па добро е да разгледаат опции за пролетна свадба. Јас сакам три деца, а ти?

Вие сте неговиот свет

Вие сте светот, универзумот и вселената во неговиот живот. Вие сте неговото сè! Вие сте неговата причина за живот. Доколку го оставите тој би бил скршен, несреќен и изгубен.

И јасно ви го дава тоа до знаење, во случај да сакате малку да се оддалечите и да размислите со ладна глава за понатамошниот тек на врската.

Му треба постојана потврда за неговата вредност

Ме сакаш? Тоа е најчестото прашање кое ви го упатува речиси секојдневно. Колку ме сакаш?

Секој одвреме-навреме сака да слушне дека е привлечен, паметен, згоден. Само несигурниот маж има потреба ова да го слуша постојано, 24/7.

Љубоморен е на вашите пријатели

Не сака кога одите на after party по напорната работната недела со колегите. Не сака кога одите во шопинг или на кафе со пријателките. Не ги сака вашите машки другари. Која жена има потреба од машки другари, ви се молам?

Постојано ви ѕвони на телефон, ви пишува пораки додека сте излезени надвор со пријателите. На почетокот оваа посесивност може да ви ласка, тој ве сака само за себе и не сака да ве дели со никој друг. Подоцна сфаќате дека е токму тоа – опасна, налудничава посесивност која нема да излезе на добро.

Се заканува дека ќе ви раскине

Тој е свесен дека вие имате некои чувства за него, но сака да добие уште повеќе. Неговата стратегија е некој вид на обратна психологија – Чувствувам дека не ме сакаш доволно или не ме цениш доволно.

Следува заканата за раскинување, а доколку сте паметни нема да потпаднете под неговиот евтин блеф.

Зборува за неговите бивши и како го изневериле

Сите жени се ѓубриња. Сите се дволични, лажливи, неверни жени. Неговото срце било скршено премногу пати и тој не верува никому. Многу време му било потребно повторно да го отвори срцето за некоја.

Со самото сознание дека вие сте таа избрана личност, тој ве тера да се почувствувате исклучително. Но, неговиот однос со поранешните девојки е само една од причините зошто тој е толку несигурен човек.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg