7 ситуации во врската поради кои не треба да бидете љубоморни
Велат, малку љубомора дури е и корисно за врската. Но, постојат ситуации во кои навистина нема потреба за тоа и можете да се опуштите.
Иако е тешко да се контролираат нападите на љубомора, најпрво земете воздух и смирете се, па потоа разговарајте на таа тема.
Ова се седум ситуации поради кои нема потреба да се нервирате и да очајувате:
1. Партнерот има блиски пријатели од спротивниот пол
Животот на вашиот партнер не започнал од моментот кога сте започнале врска. Затоа, љубоморните сцени по повод пријателите од спротивниот пол се крајно непотребни. Имајте на ум дека вие сте тие што сте во врска, а не некој/а од пријателите/ките.
Без разлика на сè, доволно сте возрасни за да ви биде јасно дека навистина постојат реални пријателства без „задни“ намери помеѓу две лица од спротивен пол.
2. Лајкови на профилите на социјалните мрежи
Навистина боде во очи кога ќе видите дека вашиот партнер лајкнал фотографија со личност од спротивниот пол. Слично како и во првата точка, тие имаат пријатели и од претходно, а тие кликања на социјалните мрежи навистина се споредни и не треба да ве вадат од такт.
3. Загледување во друг/а
Колку и да сте вљубени, вашиот партнер и понатаму има очи и способност за перцепција на убави нешта. Но, тоа не значи дека автоматски ќе избега од вас и ќе се стрча кон другата личност. Едноставно, нема место за љубомора.
4. Кога е во добри односи со поранешните партнер(к)и
Секогаш постои причина зошто таа врска не „преживеала“. Тие можеби функционираат како пријатели, но не и како пар.
Уште повеќе би требало да ве смирува фактот што не зборува лошо за поранешните врски, бидејќи тоа значи дека сте избрале зрел/а партнер/ка.
5. Кога им се допаѓа позната личност
Сите сме се нашле во ситуација да имаме платонски чувства кон позната личност и да имаме позадина на телефонот и компјутерот со омилениот актер, модел, музичар...
Имајте на ум дека тоа се само фантазии и дека реалноста е дека вие сте во врска со вашиот партнер, а не таа селебрити фаца.
6. Кога поминува многу време со друштвото
Колку и да е голема љубовта, секогаш е потребно да си дадете време за да се видите со пријателите. Обидете се тоа да го правите одделно, вие со вашето, а партнерот со неговото друштво.
Ова секако не значи дека не сакате да поминувате време заедно, туку напротив, дека ги цените и блиските луѓе, дури и кога сметате дека сте си доволни самите себе.
7. Кога некој гледа во вашиот партнер
Ова би требало да го сфатите како комплимент. Други го загледуваат вашиот партнер, но вие сте тие кои го имате. А, навистина нема ништо лошо во тоа.
Е. Д. | Црнобело