4 причини поради кои мислите на бившите, но не бидејќи ви недостигаат

Врската можеби завршила пред месеци, па и години, но едно утро се разбудивте со поранешниот партнер во мислите. Да, се случува и тоа...

194410.jpg

Секое раскинување, без разлика од која страна доаѓа, носи со себе повредено его, бес, лутина и сомнежи. Оние кои раскинале се прашуваат дали ја направиле вистинската работа. Оставените, пак, се прашуваат дали нешто можеле да направат поинаку.

Иако по некое време сето ова поминува, постојат денови кога од никаде, почнувате да мислите на бившиот партнер. А, мислевте дека не ви недостига...

Всушност, еве поради кои причини може да се случи тоа:

Сте се почувствувале осамено

Можеби со месеци немате помислено на поранешниот партнер, но во првиот момент кога се почувствувавте осамени, мислите ви одлетаа кај него. Тоа е сосема нормално, бидејќи сепак, партнерот бил значаен дел од вашиот живот.

Најважно во овие моменти е да не носите импулсивни одлуки и повторно да влезете во некаков однос, од кој нема да излезе ништо добро. Подобро е да „одмислите“ во тишина или да излезете и да си купите нешто, отколку да го побарате. Сетете се само на тоа како навистина се чувствувавте при крајот на врската. Не би сакале пак така, нели?

Од друга страна, ако сте вие тие кои оставиле, уште подобро е да се држите настрана - едноставно, не повредувајте го пак поранешниот партнер.

Ви било здодевно

Немате што да правите и помисливте на времето додека бевте заедно, кога секоја минута ви беше испланирана. Но, ова не е желба за обновување на љубовта, туку само потреба за пополнување време.

Не заборавајте дека и поранешниот партнер е само човек од крв и месо и дека секој обид да си го пополните времето со него е повредување на неговите чувства. Всушност, не би сакале ни самите да се најдете во таа улога, зарем не?

Подобро е да запознаете некој нов, со кој немате минато или пак повеќе да се дружите со пријателите и нема толку често да ви биде здодевно.

Мислите дека тој/таа е најдоброто што можете да го имате

Најчеста причина за ваквото убедување се големиот број пропаднати и неуспешни состаноци.

Исто така, може да предизвикаат притисок и пријателите и членовите од семејството, па сепак да попуштите и да дадете втора шанса, иако длабоко во себе сте сигурни дека не треба да го правите тоа. Многумина се враќаат кај поранешниот партнер и од стравот да бидат сами или да бидат одбиени од некој друг.

Од друга страна, доколку сметате дека сепак треба да се даде новата шанса, направете го тоа, но внимавајте да не изгубите драгоцено време и добри прилики. Не заборавајте, некогаш е навистина поправилно да изберете да бидете сами, наместо со кој било.

Гледате на претходната врска како паричен влог

Во една врска вложуваат и двајцата партнери, можеби не подеднакво, но факт е дека тоа го прават со целото срце. Но, откако ќе заврши врската, не треба на тоа да гледате како вложени време и пари, туку како животно искуство од кое сте научиле лекција.

Врските не се бизнис-инвестиции и не можете да очекувате дека некој ви припаѓа затоа што живеел во вашиот стан без да ги делите трошоците, ниту пак вие му припаѓате на оној кој самиот платил одмор или патување.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg