Техники кои нарцисите ги користат за да ве врзат покрај себе
Луѓето кои можеме да ги дефинираме како нарциси често користат разни видови манипулација, без разлика дали сакаат да ве задржат како партнер или како пријател.
Иако имаат самодоверба и љубов кон себе достојна за почит, овие луѓе во исто време може да имаат и недостаток на емпатија и проблеми со искривената реалност.
На прво слушање можеби терминот нарцис ве потсетува на себична и арогантна личност. Но, во суштина, овие луѓе се навистина манипулативни, особено ако треба да ве врзат покрај себе.
Затоа, доколку се најдете покрај личност која поради нешто ви е сомнителна, проверете дали можеби користи некоја од следниве четири техники врз вас. Така многу полесно би се ослободиле од неа.
Залажување
Нарцисите ќе ве убедат дека вашата перцепција за нештата е сосема погрешна, па дури и може да ве нападнат вербално. Поради тоа, може да почнете да верувате дека сте несигурна и пречувствителна личност.
Но, не запаѓајте во оваа замка. Тоа е само нивни начин да ве задржат во врската, убедувајќи ве дека ви се потребни.
Омаловажување
Кога ќе забележат дека партнерот сака да ги напушти, нарцисите се спремни да навредат и со тоа да ја уништат самодовербата на другиот.
Притоа ќе се обидат да ве убедат дека не вредите и дека треба уште и да сте среќни што тие ве прифатиле. Но, не паѓајте, бидејќи ова е само уште една стапица за да ве задржат покрај себе.
Го злоупотребуваат сексот
Ако сакаат, можат да бидат и неумерено романтични и шармантни. Кога ќе забележат дека сакате да си заминете, го вклучуваат шармот „на најјако“ и повторно ве заведуваат.
Дури и ќе се потрудат да бидат добри во кревет, за да ве потсетат на убавите почетоци на вашата врска.
Љубомора
Љубомората е нивно најмоќно оружје кое многупати им го донело саканиот резултат. Но, користејќи ја токму љубомората, тие ќе се обидат да ве убедат дека им значите и мислат дека на тој начин покажуваат дека ве сакаат.
За разлика од љубомората која потекнува од нормална личност и која се решава со разговор, случајот не е таков со нарцисите. Тие ќе ја употребат љубомората за постојано да ве имаат пред себе и да ви дадат на знаење дека некаде грешите.
Е. Д. | Црнобело