Дали сакаш да те сакам?

Еве ме пак, повторно во ноќта тивка дојдов да ти раскажам одново зошто постојам. Се прикрадувам со лесни чекори до твојот прозор, со надеж дека сонот не те обзеде. Ми недостига таа топлина, морам да признаам од нашите споeни тела во една неразделна прегратка, ми недостига тој секси, рапав глас, со твојата скокотлива насмевка кој ми го исполнува денот.

dali-sakas-da-te-sakam-001.jpg

Дали сакаш да те сакам?

Тоа не можев да си објаснам уште од првиот ден кога случајно нашите погледи се сретнаа на автобуската постојка. Двајца странци изгубени во својот секојдневен филм на обврските, знаеш колку ми беше тешко да ја заборавам таа сцена на постојката?

Се будев среде сон, за да го дознаам твоето име, дури ќе се фатев себеси во часови поминати на интернет страниците за да го најдам твојот лик. Посакував да не користеше прекар по социјалните мрежи, тоа доста ме намачи. Беше тоа како принцот да ја бара Пепелашка или Пепелашка да го бара принцот. Ниту едниот знае дали другиот сака да биде најден, ниту па знаат дали некогаш ќе се најдат.

Ќе се најдеме ли јас и ти?

Не знаев дали ти го чувствуваш истото, не знаев дали можеш да замислиш што можат овие две раце да понудат, не знаев дали некогаш ќе сакаш да се најдеме тело на тело, усна на усна и одново да го раскажеме создавањето на светот. Не знаев ништо за тебе, но знаев дека сакам со тебе да го поминам остатокот од моето постоење, звучи лудо, зар не?

Но, можев да ја замислам нашата куќарка, со многу стакла и балкони, некаде со поглед кон брановите на езерото. Ти и јас на зајдисонце, и пискотот на малите вештери, кои се тепаат меѓусебе, а притоа сите ја наследиле твојата убавина. Уште сега можев да ја почувствувам идилата во таа фотографија која секојдневно ми се врежува во главата. Таа хармонија која не би се изградила со никој друг на светот, освен со мене и со тебе.

Посакував да можам да заспијам без да го сонувам твојот лик, да се разбудам без да помислам каде си и кога повторно ќе се сретнеме. Посакував да не ме обземеше како што ме обзеде.

Посакував нашите планови да ја најдат својата заедничка точка и да бидеме, само да бидеме. Толку ми беше потребно.

Зошто беа толку комплицирани емоциите?

Дали ние луѓето ги комплициравме со страв да не го изгубиме она што го имаме или навистина беа полоши од квантна физика, па ако нешто погрешиш, отиде сè по ѓаволите?

Те гледам одново, со тесни фармерки и црна кошула со мали точки. Погледите ќе ни се сретнат. Гледам дека ме гледаш и знам дека не можеш да одолееш на повикот на нашите две тела кои горат еден за друг. Го чувствуваш ли еросот во воздухот?

Те сакам, само да знаеш. Па нека звучи тоа смешно, нека биде подбив, нека биде еден оксиморон за непознатите кои сега за сега се сакаа со својата аура и погледи.

Ти што ќе вратиш, истото или само ќе речеш по навика „И јас тебе!” ?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg